05 Декември, 2025
0.0559

Шпанија трага по добитник на награда од 4,7 милиони евра

Објавено во: Стил 18 Септември, 2013 12:08

Добивај вести на Viber

Цела Шпанија се уште трага за лицето кое неодамна во Коруна купи ливче од лотарија, со кое освои награда од 4,7 милиони евра, но кој мистериозниот добитник (или добитничка) случајно го оставил во продавницата.

Добитното ливче е пронајдено уште на 30 јуни, а потоа предадено на властите.

Сега управата на градот Коруна трага по сопственикот, а градоначалникот Карлос Негреира се шегува дека тој е првиот градоначалник кој го бара милиониерот да му ги предаде, а не да му ги земе парите, пренесува Индепендент.

Од градската управа порачуваат дека ќе спроведат сериозни проверки на сите граѓани кои ќе се јават како сопственици на добитното ливче (иако не е прецизирано како тие проверки ќе се направат). Ако сопственикот не се најде, добивката ќе оди кај пронаоѓачот на ливчето.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: