Шпаркасе Банка Македонија доби награда за општествена одговорност
Објавено во: Стил 12 Јули, 2013 14:04
Граѓанската организација Центар за институционален развој – ЦИРа и додели награда на Шпаркасе Банка Македонија за одговорен однос кон вработените за 2012година.
Оваа престижна награда Шпаркасе Банка ја доби за проектот ‘‘Берза на идеи‘‘, проект наменет за вработените, чија цел е поттикнување на иновативноста и нивно активно вклучување во развојот и унапредувањето на севкупното работење на банката.
Наградата ги вреднува добрите практики на одговорното делување и е признание за Шпаркасе Банка за грижата и развојот на вработените како и активната и континуирана политика на одговорно корпоративно општествено работење.
‘‘Берза на идеи‘‘ е дел од проектите за општествена одговорност на Банката која е стратешка определност на Банката.
Банката во 2013 година продолжува со многубројните проекти наменети за вработените и пошироката јавност, како што се ‘‘Банкарска Азбука‘‘ за финансиска и банкарска едукација, еколошкиот проект ‘‘Рециклирање – Кажи ДА!‘‘ преку кои децата се едуцираат за значењето на чистата и здрава животна околина уште од најмала возраст, проектот ‘‘Најдобрите од Југоисток‘‘ , преку кои најдобрите студенти на економски и правни науки од Универзитетот ‘‘Св. Кирли и Методиј‘‘ добиваат стипендии за едукација и стажирање во Грац, Австрија, како и многу други општествено одговорни проекти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





