20 Декември, 2025
0.0597

Шпаркасе Банка со поволна понуда за пациенти на очната болница „Деница“

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2023 13:02

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка креираше специјална понуда наменета за пациентите на Очната болница „Деница“, која  важи исклучиво за плаќање на услугите во болницата.

Па, така, клиентите можат да аплицираат за потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,99% за првите две години, како и рок на отплата до 48 месеци на максимален износ до 180.000 денари, со вклучено кредитно животно/неживотно осигурување и без жиранти. Дополнително, со оваа понуда клиентите добиваат и дополнителни поволности за други кредитни производи од Банката, и тоа: без членарина за првата година за кредитна картичка и без надоместок за управување на пречекорување за првата година.

„Ние како банка што континуирано се грижи за здравјето и за потребите на своите клиенти, сметавме дека може дополнително да придонесеме во олеснување и подобрување на нивната здравствена состојба, па се одлучивме соработката со очната болница ’Деница’ да ја кренеме на едно повисоко ниво. Токму затоа воведовме специјална понуда што важи исклучиво за плаќање на услугите од болницата на пациентите на ’Деница’. Задоволни сме што на овој начин можеме барем малку да им ја олесниме моменталната состојба и финансиските грижи околу здравствените услуги на нашите клиенти  и  на тој начин да дејствуваме во согласност и со нашиот корпоративен слоган – Верувај во иднината“ – изјави г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

„Посветеноста, иновативноста и отвореноста продолжуваат да бидат клучните столбови на кои се темели Специјалната очна болница ‘Деница’ од Скопје. Врвната здравствена грижа која интегрира високопрофесионален кадар, од една страна, и беспрекорна техничко-технолошка опременост од друга страна, пак, се наша карактеристика што постојано се надоградува и се унапредува. Во таа смисла, соработката со една реномирана финансиска институција како Шпаркасе Банка е манифестација на нашата заедничка општествена одговорност кон заедницата, која има за цел спектарот на офталмолошките услуги на ’Деница’ да бидат уште подостапни до најширокиот круг наши сограѓани“ – изјави г-ѓа Сања Угриновска Спасеновска, генерален менаџер на Специјалната очна болница „Деница“. 

Шпаркасе Банка континуирано дејствува во интерес на трајните вредности какви што се здравјето и општата благосостојба на клиентите. Истовремено, Банката се труди најпрофесионално да ги продлабочи соработките со деловните партнери и соработници, градејќи стабилни врски на долг рок, за иднина каква што заслужуваат сите наши клиенти.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии