25 Април, 2025
0.0255

ШПАРКАСЕ СО ШП-АРТ-УМЕТНОСТ: одбрани се 10-те финалисти што ќе учествуваат на годинешното издание на „Вевчански видувања“

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2024 14:47

Добивај вести на Viber

Талентот на уметниците поттикнат од креативна слобода ја претставува суштината на создавање и креирање Бесконечно платно: безгранична креативност, тема во фокус  на сите учесници на Конкурсот за млади сликари 2024, што беше објавен од Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

Конкурсот, како дел од „Шп-арт-клуб“ на Шпаркасе Банка, и годинава разбуди голем интерес меѓу нашите млади уметници, а најдобрите 10 финалисти со најкреативни уметнички дела, беа заслужно избрани од организаторот и од стручното жири за да бидат дел од овогодишното издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ во Вевчани.

Финалистите на возраст од 18 до 23 години, ќе бидат поделени во две групи и во периодот од 22.6.2024 до 6.7.2024 година ќе имаат можност 5 дена да уживаат во природните убавини на Општина Вевчани, да се инспирираат и да креираат со обезбеден сликарски материјал и престој. Првата група ќе твори од 22 до 26 јуни, а втората група од 26 јуни до 30 јуни 2024 година.


Во Група 1 се избрани пет финалисти — Сара Милошевска од Куманово (уметничко дело „Пејзаж“), Марија Нешкоска од Битола (уметничко дело „Композиција 1“), Тамара Ивковиќ од Гостивар (уметничко дело „Божествена птица“), Јована Иванова од Струмица (уметничко дело „Пејзаж“) и Матеа Поповска од Прилеп (уметничко дело „Живот“).

Во Група 2 се другите пет финалисти — Евгенија Трајковска од Скопје (уметничко дело „Рацете на еден уметник“), Дорина Тенева од Скопје (уметничко дело „Дефне“), Манели Крстиќ од Скопје (уметничко дело „Портрет на другар ми“), Азра Таири од Тетово (уметничко дело „Holy Conversations“) и Елена Петковска од Скопје (уметничко дело „Dandelion“).

По завршувањето на Колонијата, Шпаркасе Банка ќе организира хуманитарен настан, на кој сликите на младите уметници ќе бидат понудени на јавна аукција, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Истовремено, тројцата сликари чии дела ќе добијат најголема вредност на аукцијата, ќе бидат дополнително поддржани од Шпаркасе Банка со откуп на три други нивни дела во вредност од 1.200 евра за првиот, 1.000 евра за вториот и 800 евра за третиот сликар односно сликарка.

Шпаркасе Банка во согласност со својата корпоративна стратегија за општествена одговорност во рамките на „Sparkasse Life“ секогаш се стреми да ги промовира, да ги поддржува и да ги заштитува младите креативни умови и нивната визија за уметничките стандарди во иднина.

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Домот како кино со големите телевизори на Samsung

Домот како кино со големите телевизори на Samsung

„Литера“ продолжува со ден посветен на креативноста, емоциите и илустрацијата

„Литера“ продолжува со ден посветен на креативноста, емоциите и илустрацијата

Фестивалот „Литера“ започна со магично отворање и две впечатливи изложби во Сули Ан

Фестивалот „Литера“ започна со магично отворање и две впечатливи изложби во Сули Ан

Реализирана донација од 4 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Реализирана донација од 4 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Колективен постапувач ОИЛТЕК Доо – Ваш партнер за одговорно управување со масло и отпадно масло

Колективен постапувач ОИЛТЕК Доо – Ваш партнер за одговорно управување со масло и отпадно масло

MINT: секое дрво магнолија – ветување

MINT: секое дрво магнолија – ветување

Porsche 911 Spirit 70: уникатно чувство на слобода

Porsche 911 Spirit 70: уникатно чувство на слобода

Македонски стартап тимови на српскиот „Универзум“ - Компанијата „Mozzart“ Србија го почнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“

Македонски стартап тимови на српскиот „Универзум“ - Компанијата „Mozzart“ Србија го почнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија