ШПЕДИТЕРСКАТА КОМПАНИЈА „МАКОШПЕД“ ДОБИ НОВ ДИРЕКТОР - Стефан Станкоски застанува на чело на друштвото, а таму има и акции
Објавено во: Економија 14 Ноември, 2023 14:44
Стефан Станкоски ќе биде новиот генерален директор на шпедитерската компанија „Макошпед“.
Тој ќе дојде на местото на Аница Неделковска, објави компанијата до инвеститорите преку Македонската берза.
Од компанијата уште и известуваат дека Стефан Станкоски поседува 306 акции во ова шпедитерско акционерско друштво.
Во делот насловен како известување за промени на органите на управување, од компанијата информираат дека „на конститутивната седница на Одборот на директори на Макошпед АД Скопје за извршен член на Одбор на директори - генерален директор избран е Стефан Станкоски, кој поседува 306 обични акции во Друштвото. Аница Неделковска не поседува акции во ТД Макошпед АД Скопје. Направен е упис во Централен Регистар на РСМ“, се вели во објавата на компанијата до Берзата.
Инаку, според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, најголем акционер во „Макошпед“ е компанијата Мепком Кочо и други, која што се занимава со трговија на големо и мало, потоа Уготур поседува 18,9 проценти, а ИГМ Трејд од Кавадарци на Илија Гечев располага со 12,93 отсто од капиталот, додека, пак, самиот „Макошпед“ си има сопствени акции од 10 проценти.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




