ШПИОНИРАЛЕ ЗА ИЗРАЕЛ: Иран уапси 24 луѓе
Објавено во: Свет 19 Јуни, 2025 20:47
Иран уапси 24 лица обвинети за шпионажа во корист на Израел.
Иранската полиција денеска објави дека уапсила 24 луѓе обвинети за шпионажа во корист на Израел и обид за оцрнување на угледот на земјата. Киумарс Азизи, полициски командант за западен Техеран, исто така се огласи за апсењата, пренесува АФП.
„24-те лица кои шпионирале за ционистичкиот непријател офлајн и онлајн, и кои се обиделе да го нарушат јавното мислење и да го оцрнат и уништат угледот на светиот систем на Исламската Република Иран, беа уапсени“, изјави тој.
Иран вчера воведе привремени ограничувања за пристап до интернет низ целата земја, а Министерството за информатичка и комуникациска технологија како причина ги наведе безбедносните проблеми. Неколку дена Израел и Иран разменуваат напади.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




