„Штанцале“ лажни евра и ги пуштале во оптек и на Балканот
Објавено во: Свет 08 Октомври, 2022
Во Шпанија „штанцале“ лажни евра.
Разбиена е криминална група која фалсификувала евра при што постојат основи на сомнение дека мрежата се проширила и во Албанија и други земји на Балканот, јави дописничката на МИА од Тирана.
Оваа група за помалку од три месеци испечатила осум милиони лажни евра во апоени од по 500 евра, пренесува весникот „Шќиптарја”.
Истиот извор објавува и фотографии од запленетите пари и машините пронајдени во работилница во регионот на Каталонија.
Шпанската полиција уапсила 12 лица, додека полицијата успеала да заплени 4,3 милиони евра, а остатокот е пуштен на пазарот. Парите циркулирале и на Балканот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.