20 Декември, 2025
0.1308

Штедачите во кипарските банки ќе изгубат до 80% од парите

Објавено во: Свет 27 Март, 2013 21:00

Добивај вести на Viber

Големите клиенти на „Кипарската народна банка“ ќе изгубат и до 80% од своите депозити, а оние во „Банката на Кипар“ до 50%.  Домашните и странски медиуми јавуваат за стотици милиони евра, преземени од филијалите на кипарски банки во странство, како и за кражба на пари од вработените на банки во Кипар. За губење на пари од големите депозити наговести и кипарскиот министер за финансии, Михалис Сарис во изјава за државната телевизија на Кипар. „Ако зборуваме реално, ќе биде вратено многу малку", рече Сарис. Министерот призна дека може да поминат години пред да бидат вратени депозитите на клиентите, но тие може да добијат околу 20% од своите средства. „Тоа ќе биде голем удар за клиентите со депозити над 100 000 евра", рече кипарскиот министер за финансии. Истовремено кипарскиот весник „Филелефтерос" денеска соопшти дека се појавија информации за "големите кражби на пари" од Кипарската народна банка, извршени со помош на голем број вработени во банката. Претседателот на банката Андреас Филипу и членови на Управниот одбор на банката одржа заседание зад затворени врати, а се шпекулира дека на него се разговарало за големиот скандал поради одлив на милијарди евра од Кипар во Грција". Весникот тврди дека постојат документи, според кои во скандалот се вмешани голем број лица кои се во контакт со раководството на банката, но банкарите одбиле да наведат за кого станува збор. На седницата итно биле повикани претседателот на парламентот Јанакис Омиру и главниот обвинител Петрос Клиридис, кој побарал од банкарите да ги достават податоците на парламентот. Омиру и главниот обвинител одлучиле податоците да бидат вклучени во категоријата „Строго доверливо“ и да се чуваат во парламентот во кој има засилени мерки за безбедност, забележува „Филелефтерос". Ако се покаже дека во кипарските банки сега има помалку пари отколку предходно, планираниот процент на вонредниот данок на депозитите сигурно ќе се зголеми, посочува ИТАР-ТАСС.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја