20 Декември, 2025
0.0389

ШТЕДЕЊЕ И КРЕДИТИ: Фирмите ги топат денарските депозити!

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2016 08:26

Добивај вести на Viber

За само еден месец, или во јануари во однос на декември вкупната депозитна база во банките се стопила за 80 милиони евра. Пад има и кај кредитирањето, односно вкупната кредитна задолженост е намалена за 60 милиони евра. Падот на депозитниот и на кредитниот раст во првиот месец од оваа година е нотиран и во најновиот февруарски Извештај на Народната Банка. “На годишна основа, вкупните депозити и кредити во јануари 2016 година се повисоки за 4,1% и 8,6%,соодветно“, се констатира во новиот извештај на НБМ. Јануарски пад на депозитите и на кредитите ... Компаниите ги трошат депозитите, а особено засилено намалување е регистрирано кај депозитите во денари, открива извештајот на Народната Банка. Според новите податоци за јануари, вкупната депозитна база изнесува 4,87 милијарди евра и во однос на декември е намалена за дури 80 милиони евра. Позначително намалување има кај депозитите на фирмите, каде падот изнесува 73 милиони евра и тие сега се на ниво од скоро 1,1 милијарди евра. Но, во првиот месец од годинава не се намалиле само депозитите на компаниите, туку и депозитите на граѓаните. Така, намалувањето на штедните влогови на населението само за еден месец изнесува 3,5 милиони евра, со што тие во јануари се на ниво од 3,44 милиони евра. “Согласно со првичните декадни податоци заклучно со јануари 2016 година, вкупните депозити забележаа намалување на месечна основа, наспроти силниот раст во претходниот месец, од 2,7% во декември на 1,6% во јануари. Падот на вкупните депозити во најголем дел е резултат на намалувањето на депозитите на претпријатијата (со придонес од 94,3% во месечниот пад на вкупните депозити), при истовремено намалување и на депозитите на населението. Намалувањето на депозитите на претпријатијата во најголем дел произлегува од депозитите во домашна валута, коишто објаснуваат околу 66% од остварениот месечен пад“, нотира Народната Банка. Не само кај штедењето, во јануари пад има и кај кредитирањето. Кредитната задолженост на фирмите и на граѓаните во јануари изнесувала 4,49 милиони евра и само за еден месец кредитирањето се намалило за 60 милиони евра. Она што може да се смета како загрижувачки сигнал за инвестициската активност на приватниот сектор е намалувањето на кредитирањето на фирмите за 66 милиони евра само за еден месец. “Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци заклучно со јануари покажуваат намалување на кредитната активност. Имено, вкупните кредити во јануари на месечна основа се пониски за 1,3%, наспроти растот од 3,3% во претходниот месец. Анализирано по сектори, месечното намалување на кредитите произлегува од намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, што не е невообичаено за првиот месец од годината и навестува можна привременост на ваквите поместувања. Кредитите на домаќинствата и натаму растат на месечна основа, но послабо во однос на декември“, велат од Народната Банка. Кредитирањето се намалува, но не и нивото на проблематични пласмани. Имено, во јануари е регистриран нов пораст на салдото на нефунционални кредити кое се искачи на 490 милиони евра што е околу 11 отсто од вкупното кредитно портфолио во земјава. Во јануари годинава во споредба со истиот месец лани, сомнителните и спорни пласмани се зголемени за 20 милиони евра, но во текот на годината имаше месечни промени кога тие се зголемуваа и намалуваа. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба