Штериев и Берзата го кршат законот за хартии од вредност
Објавено во: Економија 17 Октомври, 2019
Иван Штериев,
главниот извршен директор на Македонската берза за хартии од вредност си дозволува
тогаш кога тој ќе оцени да го пробие рокот за објава на податоци. За ваквото
тврдење можат да се обезбедат докази,
со оглед на фактот што тие се јавно достапни во архивата на берзата.
Ситуацијата дополнитено се проблематизира затоа што ЗХВ го крши институција
која е единствен организатор на пазарот на капитал , и која по дефиниција треба
да биде пример за транспарентност и почитување рокови. Во годината кога го
прекрши ЗХВ Штериев имал бруто плата од 62.000 евра, што е 25 отсто од фондот
за плати за сите вработени на берзата лани.
„Фактор“ поседува доказ од кој е очигледно дека Штериев го прекршил ЗХВ во однос на роковите за објавување на податоци. Станува збор за обврска за акционерски друштва согласно со член 166 од ЗХВ. Да биде иронијата поголема истиот Штериев дава опомени за компании кои не ги почитуваат законските прописи кои ја регулираат областа на тргувањето со хартии од вредност.
Како е прекршен ЗХВ?
На акционеркото собрание на Македонската берза за хартии од вредност на својата 34 седница одржана на 30 мај 2018 година акционерите донеле одлука за усвојување на ревидирани финансиски извештаи за работењето на берзата. Согласно со ЗХВ друштвото, а во случајот Македонската берза за хартии од вредност морала да ги објави тие податоци во рок од 15 дена, што значи до 15 јуни 2018 година. „Фактор“ поседува принт скрин објавен подолу од кој се гледа дека финансиските извештаи се објавени на 21 јуни или 6 дена по истекот на законскиот рок за објава. Тоа е прекршување на ЗХВ од страна на менаџерот на пазарниот оператор кој е задолжен и платен месечно со 5.000 евра строго да се придржува до законските одредби и да биде пример за сите други објавувачи на информации.
Овој податок може да го проверите и доколку рачно во базата на податоци впишете временски интервал пред и по 21 јуни 2018 година.
Доколку се обидете автоматски да го пребарате од смартфон се прикажува ERROR со објаснување an eror was ocured while processing your request .
Цврсто веруваме дека, во име на угледот на Македонската берза за хартии од вредност, акционерите ќе ги земат предвид нашите докази и ќе побараат објаснувања од Штериев за целиот случај со објавата на овие податоци. Убедени сме дека акционерите, сите респектирани компании со реноме во своите индустрии ќе го истражат случајот.
И сега неместо Шетриев да се позанимава со изнаоѓање на решенија за „утепаниот“ пазар на капитал, кој тој како прв човек на Берзата го организира скоро две децении, на (16.10. 2019 година ) на неговата веб страница почна да објавува преписки со „Фактор“.Тенденцијата е очигледна, да се наруши угледот на „Фактор“, преку крајно недолично, дрско и вулгарно толкување на добронамерните укажување од страна на нашиот медиум. А толку многу на таа веб страна и фали побогата понуда на ценовно чуствителни информации кои нормапно треба да бидат пласирани во законскиот рок.
Во оваа прилика јавно му порачуваме на Штериев дека нивото на комуникација најблаго речено е недолично. А во врска со новинарските стандарди на кои се повикува го советуваме да побара стручна помош. Затоа што согласно со новинарските стандарди доколку имало невистини, лажна вест или грешка во анализа објавена на „Фактор“ новинарското основно правило е да испрати демант. Но демант „Фактор“ не доби од Македонската берза за хартии од вредност.
Во оваа прилика сакаме јавно да соопштиме и дека подолг период односот на Штериев кон „Фактор“ е игнорантски и навредлив зашто единствено нашата редакција е изоставена од покани за настани и брифинзи во организација на берзата.
„Фактор“ од своето основање до денес, а и во иднина во својот фокус ќе го има берзанското тргување кое е многу значаен индикатор за движењата во економијата. И секогаш новостите генерирани на берзата ги третира и анализира во контекст на интересот на читателот, а согласно со новинарските стандарди.
Нашата цел со анализата за цената на „Гранит“ беше да го охрабриме менаџментот на Македонската берза за хартии од вредност да ги преиспита и усоврши методите на добивање информации од котираните компании. Промените секогаш во крајна линија се корисни. Нашата цел не била да навредиме никого и сме згрозени од острината, гневот и осудата во соопштението против „Фактор“ објавено денеска на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.
Менаџментот на Македонската берза за хартии од вредност мора да знае дека медиумите меѓу кои и „Фактор“ да ги гледа како партнери кои имаат право и обврска пред јавноста да бидат коректори и да дадат мислење кое нема секогаш да биде позитивно. Се тоа е во функција на создавање подобра клима за вложување на Македонската берза за хартии од вредност. И да знае дека медиумот има неприкосновено право да изнесе мислење и тоа да биде критичко. Исто како што менаџментот на Македонска берза треба јасно и гласно да кажува и да повторува дека оданочувањето на капиталните добивки е голем проблем и јасно да каже дека е против тоа. А за такво нешто секогаш ќе добие простор на „Фактор“.
Доказ дека „Фактор“ не е непријател на менаџментот на Македонската берза ќе наведеме пример во кој баравме став од менаџментот на берзата за огромните давачки што пред неколку години им ги наметна КХВ (за среќа веќе ги нема) и кои во тоа време ја доведоа во прашање егзистенцијата на пазарниот оператор. Заради калкулантскиот пристап на Штериев никогаш не добивме негов став по тоа прашање.
Неумесно и најблаго речено некултурно е берзата да квалификува јавно напишан новинарски текст и да го става во контекст на неовластено инвестициско советување . И наместо неумесни и неквалификувани атрибути Штериев да се обиде да се справи со инсајдерски информации кои можат да влијаат врз пазарот на хартии од вредност.
„Фактор“ бил, е и ќе биде мегафон на јавниот интерес, информатор на читателите. Ќе пишува за сите релевантни информации кои произлегуваат од берзанското работење. И најважен критериум за нашата вредност е довербата од нашите читатели.
Александар Кузмановски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.