12 Мај, 2025
0.0323

ШТЕРЈО НАКОВ НЕ СЕ ДАВА, СЕ ПРЕДЛОЖИ СЕБЕ СИ ЗА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ВО БОРДОТ НА „ФЕРШПЕД“ - познати членовите за кои ќе се гласа на акционерското Собрание

Објавено во: Економија 28 Април, 2025 19:47

Добивај вести на Viber

Познато е кои ќе бидат новите директори, односно членови на Бордот на директори на Фершпед, откако на 17 мај годинава ќе им истече мандатот на досегашните. 

Имињата на директорите кои во следните четири години ќе управуваат со шпедитерската компанија се предложени од тројца акционери, и тоа Драган Наков, кој е еден од најголемите акционери и поседува 11,83 отсто од капиталот, а воедно е и извршен директор, од нивниот татко, Штерјо Наков, а покрај овие два, има и уште еден предлог за член на Одборот, а тој е даден од акционерка од компанијата, Анче Владичевска. Така што, дефинитивно може да се очекува дека трите предлози ќе бидат изгласани на акционерското собрание на ова друштво, кое ќе се одржи на 22 мај. 

Како што веќе пишувавме, акционерите на Собранието ќе ја одобрат работата на досегашните членови на Одборот на директори на друштвото, а тие се Штерјо Наков, кој е претседател на Бордот и неизвршен член, и кој на јавноста и е познат како долгогодишниот прв човек на таа компанија, потоа Драган Наков, кој е извршен член и генерален директор на компанијата, Анета Лазарова, неизвршен член, Лидија Трајковиќ, неизвршен и независен член, како и Игор Митев и Иван Бошковски, кои се неизвршни членови.

На овие членови мандатот за кој се избрани ќе им истече заклучно со 17 мај оваа гподина, па затоа на претстојното акционерско Собрание ќе се бира нов состав на директорскиот борд, со мандат од 4 години. Досега новите директори за кои ќе се гласа не беа познати, но во петокот компанијата јавно ги објави предлозите на Берзата. Од листата на предложени директори се гледа дека промени воопшто нема да има. 

Па така, акционерот Драган Наков се предлага себе си, Лидија Трајковиќ и Анета Лазарова, за неизвршни членови.

Акционерот Штерјо Наков се предлага себе си, како и Иван Бошковски. 

Додека, акционерката Анче Владичевска го предлага Игор Митев за неизвршен член. 

На нивната конститутивна седница тие треба да изберат претседател на Бордот. 

На Неизвршните членови на Одборот на директори ќе им се исплаќа месечен паричен надомест во нето износ од 20.000 денари по член. На претседателот на одборот ќе му се исплаќа паричен надомест во износ од единаесет објавени просечно исплатени нето плати по работник во стопанството во земјава.

Лани била исплатена сума од 481 илјади евра по основ на бруто плати, награди, осигурување и месечен надомест за учество во органи на управување на членовите на Одборот на директори кои се вработени во друштвото.

Надоместоците на членовите на Одбор на директори по основ на членување во органи на управување во други друштва за извештајната 2024 година во бруто износ изнесувале 27 илјади евра, додека, пак, на член од Одборот на директори по основ на бруто плата кај друг работодавач му биле 18 илјади евра.

Како што е познато, лани Фершпед оствари добивка по оданочување од 1,79 милиони евра. Овие пари конкретно, односно од ланската добивка, нема да одат за дивиденда, туку поголемиот дел од нив, односно 1,3 милиони евра, ќе останат како нераспределена, односно акумулирана добивка, додека, пак, дел од околу 488 илјади евра, ќе се наменат како инвестиции. Но, тоа не значи дека акционерите на Фершпед нема да земат дивиденда. Бидејќи, на акционерското собрание ќе му се предложи да одобри исплата на дивиденда од некоја останата добивка од многу одамна, уште од 2008 година, на износ нецели 200 илјади евра, или прецизно 191 илјади евра.

Најголем акционер во Фершпед е Макошпед, со 19,65 отсто од капиталот, потоа Драган Наков има 11,83 отсто, а неговиот брат Сашо Наков располага со 11,04 отсто, компанијата Европа има 9,99 отсто, а со исто толку сопствени акции располага и самото акционерско друштво Фершпед.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кинески гигант ги направи првите милиони од ветерни турбини во Македонија

Кинески гигант ги направи првите милиони од ветерни турбини во Македонија

НА ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ „ПАЃААТ“ ПО ЕДЕН ПЕНЗИОНЕР И ЕДНО НЕВРАБОТЕНО ЛИЦЕ: се намали бројот на осигуреници во земјава

НА ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ „ПАЃААТ“ ПО ЕДЕН ПЕНЗИОНЕР И ЕДНО НЕВРАБОТЕНО ЛИЦЕ: се намали бројот на осигуреници во земјава

ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИВА ЛАЖЕН МЕД ВО ЕУ: Само една земја го користи овој метод, но дури ни тоа не е доволно

ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИВА ЛАЖЕН МЕД ВО ЕУ: Само една земја го користи овој метод, но дури ни тоа не е доволно

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО СКРАТУВА ВАЖЕЊЕТО НА ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ: Секоја земја сама ќе одлучи како ќе го спроведе тоа

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО СКРАТУВА ВАЖЕЊЕТО НА ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ: Секоја земја сама ќе одлучи како ќе го спроведе тоа

РАЗЛИКИТЕ СЕ ГОЛЕМИ: Еве каде се највисоките плати во ЕУ, по земји

РАЗЛИКИТЕ СЕ ГОЛЕМИ: Еве каде се највисоките плати во ЕУ, по земји

НАСКОРО „ГРАДСКИ ВОЗ“ ЗА СКОПЈАНИ И ЖИТЕЛИТЕ НА ПРИГРАДСКИТЕ НАСЕЛБИ: Еве што најавува премиерот

НАСКОРО „ГРАДСКИ ВОЗ“ ЗА СКОПЈАНИ И ЖИТЕЛИТЕ НА ПРИГРАДСКИТЕ НАСЕЛБИ: Еве што најавува премиерот

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА: Еве кој ќе инвестира

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА: Еве кој ќе инвестира

КОЈ ИЗЛЕГУВА, А КОЈ ВЛЕГУВА? експерти велат: „Ова е само почеток на нова ера!“

КОЈ ИЗЛЕГУВА, А КОЈ ВЛЕГУВА? експерти велат: „Ова е само почеток на нова ера!“

ПАТУВАЊЕ ОД ЛОНДОН ДО ЖЕНЕВА ЗА САМО ПЕТ ЧАСА! Новиот директен воз го менува европскиот транспорт

ПАТУВАЊЕ ОД ЛОНДОН ДО ЖЕНЕВА ЗА САМО ПЕТ ЧАСА! Новиот директен воз го менува европскиот транспорт