05 Декември, 2025
0.1127

Штип се подготвува за „Пастрмајлијадата“

Објавено во: Стил 30 Август, 2013 14:35

Добивај вести на Viber

Општина Штип почна со подготовките за манифестацијата „Пастрамајлијада 2013“. Драган Ристов од Центарот за односи со јавност при општината изјави дека на заедничкиот координативен состанок меѓу градоначалникот на Штип, Илчо Захариев и лицата одговорни за одржувањето на оваа манифестација донесена е одлука, годинава „Пастрмајлијадата“ да се одржи во октомври.

Пастрмајлијадата“ годинава ќе трае четири дена и ќе се одржи од 10 до 13 октомври, во ист временски период кога се одржи и фестивалот „Макфест“. Тој додава дека годинава штипската „пастрамајлијада“ ја смени и локацијата.

- Годинава „Пастрмајлијадата“ ќе се одржи на еден крак од улицата „Ванчо Прќе“ или поточно од новиот кружен тек во центарот на градот до преминот кај Трговскиот центар, посочи Ристов.

Тој додаде дека локацијата е попрактична и за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје, но и за самите угостители. Во тек се и преговори со познати музички имиња, кои би настапиле на штипската „Пастрмајлијада

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: