28 Октомври, 2024
0.0368

Штипјани знаат! Како да потрошиш над 700.000 евра и да испаднеш од Прва фудбалска лига?

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Интересно и интригантно е тоа што „Брегалница“ лани испадна од Првата македонска лига и тоа со буџет што беше 200.000 евра поголем од претходната година кога успеаја да го задржат прволигашниот статус

Штипската фудбалска икона „Брегалница“ еден од најуспешните клубови во земјава и најтрофеен во источна Македонија лани потрошил 710.000 евра и сепак испадна од најквалитетната фудбалска лига и го изгуби статусот прволигаш.

Официјалните финансиските податоци од билансот на успех на АД „Брегалница“ покажуваат дека клубот лани потрошил 710.000 евра односно над 43,6 милиони денари.

Клубот 2023 година завршил работење и со добивка од 110.000 евра, но сепак го изгуби прволигашниот статус во сезоната 2023/24. Сега „Брегалница“ настапува во Втората фудбалска лига.

Интересно, а воедно и чудно, е тоа што во 2022 година “Брегалница“ потрошила нешто малку над 500.000 евра односно 209.000 евра помалку од 2023 година и успеала да го задржи прволигашниот статус. Затоа пак во годината кога имала за 200.000 евра поголем буџет испаднала од лигата.

Од финансиските показатели е видно дека „Брегалница“ лани имала 12 вработени (колку што е минимум играчи со професионални договори за играње во Првата македонска фудбалска лига). Според финансиските податоци кои се јавно достапни на слендиот линк  https://www.mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%A4%D0%9A%20%D0%91%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%202008%20%D0%90%D0%94%20%D0%A8%D1%82%D0%B8%D0%BF%20-%20fk%20bregalnica%20202320241022130048.pdf  „Брегалница“ за плати потрошила нешто повеќе од 54.000 евра. Вкупно за трошоци за вработени лани се исплатени 132.000 евра.

Најголемите трошоци лани „Брегалница“ ги исплатила под збирната ставка останати трошоци за работење и за тоа се платени 340.000 евра.

„Брегалница“ е фудбалски клуб што во 2021 година прослави 100 години постоење. Најдобрите времиња на „Брегалница“ се во преодот од седумдесетите кон осумдесетие години на минатиот век кога клубот играше во втората сојузна лига, во тоа време втора најсилна лига во поранешна Југославија земја со над 22 милиони жители.

Р.Ф.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ БЕШЕ ОГРАБЕН, ПА КОМПЛЕТНО СЕ РАСПАДНА: А имаше десет фабрики во Америка и беше симбол на Југославија

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ БЕШЕ ОГРАБЕН, ПА КОМПЛЕТНО СЕ РАСПАДНА: А имаше десет фабрики во Америка и беше симбол на Југославија

ДАЛИ Е ТАЈНАТА ВО ПРОДАЖБАТА НА БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ, ИЛИ? - како чистиот профит на „Скопски пазар“ достигна 5,7 милиони евра за девет месеци

ДАЛИ Е ТАЈНАТА ВО ПРОДАЖБАТА НА БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ, ИЛИ? - како чистиот профит на „Скопски пазар“ достигна 5,7 милиони евра за девет месеци

Поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ нанижа три тендери со нова фирма

Поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ нанижа три тендери со нова фирма

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите