07 Мај, 2024
0.0217

Штипската општина сама ќе го организира „Макфест“

Објавено во: Стил 20 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Општина Штип годинава сама ќе го организира Фестивалот за забавна музика „Макфест“. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција ја презентираше одлуката која ја има донесено заедно со општинската администрација.

Уметнички директор на „Макфест“ ќе биде познатата македонска музичка легенда Драган Мијалковски.

- Цениме дека овој Фестивал треба да биде нешто повеќе од ланскиот и нешто повеќе од пред две години. Лично мислам дека имаме капацитет да направиме одличен фестивал и сум силно убеден дека граѓаните на Штип ќе уживаат во сите оние нумери, песни кои ќе бидат изведени на двете вечери на фестивалот. Посебно ќе ми биде мило ако тие песни се вртат цела година на телевизиите и радијата. „Макфест“ ќе биде дефинитивно оној стариот и каде ќе се бара карта повеќе, рече Захариев.

Општина Штип за организирање на фестивалот „Макфест“ ќе издвои околу 50.000 евра.

Фестивалот „Макфест“ ќе се одржи во октомври, традиционално в петок и во сабота, а годинава ќе нема посебна вечер за дебитанти.