Штипскиот бизнисмен Симоновски го продаде својот удел во IStyle од трговијата со Apple во Македонија
Објавено во: Економија 29 Јули, 2025 07:50
Основачот на најголемиот продавач и сервис на Apple во Македонија, Трајче Симоновски од Штип, го продаде својот удел од 20 отсто во „Ај Стаил“ на истоимениот партнер IStyle Кипар Лимитед во Македонија. Својот дел од сопствеништвото го отстапил во текот на минатиот месец.
Брендовите како Mac, iPod и iPhone се продаваат и во мобиларници, синџите за бела техника и кај мобилните оператори, но „Ај Стаил“ Македонија преку својот ланец на непосредна и онлајн продажба исклучиво од производите на Apple досега остваруваше годишни приходи од околу 8,5 милиони евра. Последната остварена добивка е 115.000 евра.
Симоновски повеќе не е ниту управител без ограничувања. На негово место со поделени одговорности се поставени четири менаџери од Македонија, Бугарија и двајца од Романија. Штипскиот бизнисмен не беше достапен за контакт за да ја потврди информацијата.
„Aј Стаил“ оригинално е со седиште во Штип, од каде што е и Симоновски, а важи за една од штипските компании со најголеми просечни плати што ги дели кон своите вработени. Минатата година продажниот ланец ја завршил со 17 работници.
Компанијата поседува таканаречени премиум мобиларници за телекомуникациска и информатичка опрема во најпознатите молови во Скопје - Скопје Сити Мол и Ист Гејт Мол. На истото место се и сервисите на компанијата.
Заминувањето на Симоновски со отстапувањето на уделот значи дека трговската компанија повеќе нема домашен сопственик и дека 100-отсто ќе биде управувана од досегашниот доминантен основач.
Најголеми официјални реселери на Apple, а особено на IPhone, во Македонија се iStyle и Телеком
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




