Што бара Град Скопје од фирмите за украсување – Ќе имаат краток рок да донесат новогодишен „дух“ за 70 илјади евра
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2025 07:40
Под „ѕвездено небо“ на 800 метри квадратни, со 3Д мече и 3Д ѕвезди, светлечки подароци од четири мтери и елка од најмалку 13 метри, Град Скопје ќе се обиде да го врати новогодишниот дух на Скопје кој со години беше изгубен. Тендерот е распишан пред пет дена, а крајниот рок на него да се јават фирми е 4 декември, само 11 дена пред крајниот датум кога Скопје треба да блесне предноводишно.
Барањата на Градот се специфични - Новогодишна елка висока најмалку 13 метри, изработена од метална конструкција, вештачко зеленило и ЛЕД украси со бели блицеви. 3Д мече со димензии 4х4 метри, три светлечки подароци високи до 4 метри, метална рамка Дедо Мраз висока 5 метри, алуминиумски 3Д ѕвезди од 3 и 4 метри, но и „ѕвездено небо“ од ЛЕД мразулци над површина од најмалку 800 м². Предвидена е и опшивка на канделабрите со светлосни лед сијалици.
Но, се бара и исполнување на неколку услови за фирма која ќе сака да го украсува Скопје. Треба да има реализирано најмалку три договори за новогодишно украсување, во последните три години, со вкупна вредност на договорите од минимум 10.000.000,00 денари со ДДВ, од кои најмалку еден реализиран договор за извршување на предметната област да биде на износ од најмалку 3.500.000,00 денари со ДДВ, со доставување на потврда за извршени услуги.
Освен Плоштадот „Македонија“, ќе се украсуваат и неколку улици и булевари:
На Ул. Даме Груев ќе има 30 светлосни фигури.На Ул. Димитрија Чуповски, 20 фигури + 20 висечки елементи, а на Ул. 11 Октомври треба да има висечки елементи + 100 „snowfall“ капки. Булеварот ВМРО ќе има 24 фигури, а Ул. Филип Втори,30 фигури. На Булеварот Гоце Делчев се предвидени 40 фигури, исто колку и пред Владата, а долж Булеварот Партизански одреди ќе има 12 фигури.
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на седницата на советот за ребаланс на буџетот посочи дека за украсувањето и програмата за прослава на Новата година ќе бидат потрошени 70.000 евра, со став дека не се работи за премногу пари и дека Скопје заслужува убава и достоинствена прослава за дочек на новата 2026 година.
Сепак, колку градот ќе потроши на украсувањето ќе се знае дури откако за тоа ќе биде избрана фирмата.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




