19 Декември, 2025
0.0463

Што бара Путин од Украина за крај на војната?

Објавено во: Свет 13 Август, 2025 16:57

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат во Алјаска во петок, што ќе биде првиот самит на САД и Русија од 2021 година, за да разговараат за опциите за завршување на војната во Украина. 

Трамп рече дека двете завојувани страни ќе мора да разменат дел од териториите што моментално ги држат за да се случи тоа. Русија моментално контролира 19 проценти од Украина, вклучувајќи го целиот полуостров Крим, целиот регион Луганск, над 70 проценти од регионите Донецк, Запорожје и Херсон, и помали делови од регионите Харков, Суми, Николаев и Дњепропетровск.

Според некои медиумски извештаи,  Вашингтон верува дека Путин е подготвен да направи компромис кога станува збор за територијални претензии, новинарите го прашаа портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Алексеј Фадеев, дали ставот на Русија се променил. 

„Ставот на Русија останува непроменет, а беше изразен во оваа сала пред малку повеќе од една година, на 14 јуни 2024 година“, рече Фадеев, осврнувајќи се на говорот на Путин во министерството. 

Потоа шефот на Кремљ ги изложи своите барања, вклучително и повлекување на украинските трупи од деловите на регионите Доњецк, Запорожје и Херсон што тие сè уште ги држат, што беше негов прв јавен коментар за евентуален мировен договор. Путин, исто така, рече дека Киев ќе мора официјално да ја извести Москва дека се откажува од своите планови за влез во НАТО и дека има намера да остане неутрален и неврзан. Покрај тоа, Путин рече дека правата и слободите на руските говорници во Украина мора да бидат гарантирани, како и „реалноста“ дека Крим, Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон сега се дел од Русија. Путин рече дека неговите услови ќе мора да бидат одразени и во меѓународните договори. 

Украина не сака да прави компромис за територии. Инаку, руската ингазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела