19 Април, 2024
0.0245

Што бараат богатите кога купуваат нова куќа?

Објавено во: Стил 24 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Најновата мода во куќите на милионерите во САД е „отворен план“ . Тие не сакаат ѕидови - сакаат една огромна просторија во која можат да ги сместат сите свои гости. Истражувањето на Coldwell Banker Previews International, покажува што бараат богатите, кога купуваат куќа. Во истражувањето се испрашани 300 Американци со годишен приход од над 250 000 долари. Оваа година со најважни за при изборот на нов дом се отворениот план и „автоматизирањето“ на куќата , а со помало значење се традиционални простори како тениско игралиште, соби - сефови или многу гаражи. Еве кои се работите кои богатите ги бараат најмногу. Отворен план - 39% ; Целосно автоматизиран дом , каде може се да се управува со помош на далечинско - 32%;  Базен - 28%; Надворешна кујна - 23%; Фитнес - 20%; Домашно кино - 19%;  "Зелена " куќа - 18%; Винарска визба или соба - 16%; Посебна куќа за гости - 12%; 4 или повеќе гаражи - 11%; Соба сеф - 8%; Посебна кујна за угостителство - 5%; Тениско игралиште или други спортски терени - 4%; Простории за послуга - 2 %. Други интересни факти од анкетата се на пример: 38 % од испитаниците имаат 2 или повеќе домови , а 6 % имаат куќи надвор од САД. 70% велат дека најважниот фактор при купување на имотот останува локацијата. 43% од Американците на возраст 21-55 година со приход од над 250 000 долари имаат намера да купат имотот во следната година, за кој се подготвени да потрошат два пати поголема сума од луѓе со истите приходи , но на возраст над 55 години. Износите се во просек 2,1 милиони долари за помладите и 1,1 милиони долари за постарите купувачи.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре