28 Март, 2024
0.0239

Што чека ВМРО-ДПМНЕ за да се вклучи во консензус за името?

Објавено во: Анализа 17 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Засега не постои национален консензус околу начинот на кој треба да се стигне до конечното решение на спорот за името бидејќи опозицијата обвинува дека е целосно исклучена од процесот и не располага со никакви информации. Ова е контрадикторно на изјавите на премиерот Заев и владините функционери кои ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија да даде поддршка на процесот. 

Тоа што во Македонија нема силно изградени национални позиции може да се смета за минус во преговорите со Грција, но и таму во последно време се јавија сите можни радикални, но и владини структури кои го истурија националистичкиот бес и продолжија со недостоинствените изјави на понижување на македонскиот народ, нација и идентитет со архаичните тврдења и навреди. 

Товарот за водење на самиот процес секако е на плеќите на власта како во Македонија, така и во Грција со меѓународното посредништво, но добро ќе биде во клучните месеци кои ќе претстојат и ВМРО-ДПМНЕ да најде модус со кој ќе биде дел од решението, секако ако истото се базира на достоинствено зачувување на македонските идентитетски одредници и решение кое нема да ги загрози македонските национални интереси. 

Засега новите потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ единствено спорот за името го споменаа во контекст на одржување на референдум на кое ќе биде ставено конечното предлог решение секако, ако се стигне до истото во текот на преговорите. Самата формула исто така ќе биде многу важна од аспект на тоа да биде прифатлива за македонскиот народ и да гарантира целосно одблокирање на меѓународните интеграции на Република Македонија, понатамошно градење на билатерални односи со државите кои веќе не признале под уставното име и верификација на македонскиот јазик, нација и посебност. 

„Мене лично ако ме прашате, јас би направил референдум уште пред да се започне самата помисла да се разговара за име. Но веќе е отидено толку далеку и нема национална платформа за вакво нешто. ВМРО-ДПМНЕ е моментално во прогон, изјави Мисајловски во интервју за Алфаскоп.

Во истата емисија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, потоа изјави дека од суштинско значење за државата е да ја задржи рамката во Обединетите нации, бидејќи тоа е единствената рамка каде што Македонија е на рамноправни основи и излегување од таа рамка би било само на наша штета.

„Заради реалноста, спорот за името мора да се реши и тоа час поскоро, за Македонија да продолжи со градењето на силно партнерство со Р. Грција како и со останатите соседи. Но, начинот на кој ќе се реши ова прашање мора да биде достоинствен, бидејќи се спротивно од тоа ќе создаде фрустрации што ќе го направат решението неодржливо, проблематизирано и тоа ќе создаде дополнителни проблеми што ќе доаѓаат во ланец понатака во годините кои што ќе следат. ВМРО-ДПМНЕ нема никакви информации за овој проблем, затоа неможеме да дадеме хипотетички став. Референдум мора да има. Неможе ниеден политичар да го земе гласот на народот, изјави Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму не е дел од работата на Собранието, ниту пак активно учествува во политичкиот дијалог со власта и целосно е фокусирана само на барањата за ослободување на притворените за настаните на 27 април на Крвавиот четврток. Конкретен став нема ниту од новиот лидер Мицкоски кој останува на позициите дека ВМРО-ДПМНЕ нема никакви информации за активностите на Владата околу разговорите за името и затоа неможе да дава свои оценки.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот