27 Април, 2024
0.0430

ШТО ЧЕКАМЕ ОКОЛУ ЦРНАТА ЛИСТА: Еве кои можности им стојат на располагање на нашите органи

Објавено во: Македонија 19 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Експерти за Фактор објаснуваат дека Македонија веќе има усвоено Закон за меѓународна соработка во кривичната материја, на собраниска седница која била одржана на 2 април 2021 година.

Законот е потпишан од претседателот на државата и објавен во Службен весник. 

Во овој закон, како што објаснуваат познавачите, е предвидена можноста домашен надлежен орган, како што се Министерството за правда, Јавното обвинителство или некој суд, да испратат Замолница за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава, според членот 16. 

Со Замолницата, која се доставува преку Министерството за правда, од странската надлежна институција се бара достава на списи, информации, материјални докази и предмети за одредена предистрага, истрага или тековен судски предмет за физичко и/или правно лице. 

Овој закон, според членот 35, овозможува и формирање на заеднички истражни тимови за истражување и гонење на кривични дела, а договорот за заеднички истражен тим го склучува државниот обвинител на Македонија. 

Во членот 39 е предвидено и секое истражно дејствие што го превземал надлежен орган на странската држава да биде изедначено со соодветно дејствие во кривичната постапка пред домашните институции. 

Или, како што пластично објаснуваат нашите соговорници, Владата, Министерството за правда и Јавното обвинителство имаат важечки законски основ без одолговлекување, преку Министерството за правда веднаш да испратат замолница до САД за достава на сите документи, списи, докази и информации за лицата на црната листа. 

Јавното обвинителство, пак, може веднаш да оформи заеднички македонско-американски обвинителски истражен тим и да поведе самостојна или заедничка истражна постапка и да оформи и да процесуира кривично-правни предмети пред надлежните институции во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел