06 Декември, 2025
0.0567

Што да се прави ако треба да се намалат површините со тутун?

Објавено во: Колумни 13 Февруари, 2014 09:33

Добивај вести на Viber

Во последните години, стагнацијата на пазарот на тутун е влошена под влијание на низа фактори, кои предизвикуваат промена во количините и во типот на бараните тутуни на пазарот:
Се спроведува жестока борба против пушењето; Се намалува количината на тутун во една цигара од 1 грама на 0,7 грама што влијае на обемот на побарувачката; Во бленд цигарите, структурата на одделните типови на тутун се повеќе се менува во полза на Вирџинија и Берлеј, а се ограничува учеството на ориенталските типови тутун; Промената на Заедничката земјоделска политика на ЕУ со ограничување подршката;
Најсериозна закана за намалување на производството на тутун претставува Конвенцијата на Светската здравствена Организација, чии одредби еден ден ќе мора да се прифатат. Тоа значи дека ќе се намалат површините под тутун и намалување и укинување на финанската поддршка. Голем број производители тогаш ќе останат без приход. Какви се можностите за обезбедување на алтернативно вработување на активното население во тутунопроизводните региони кога евентуално ќе дојде до ограничување (намалување) на обемот на производството на ориенталски тутун кај нас? Постојат реални можности за започнување со ново производство или некои дејности во селските средини како што се:
Трајни насади. Во рамничарските предели на тутунопроизводните региони може да се одгледуваат јаболчесто овошје, цреши, вишни, ореви, бадеми и сл. На повисоките делови со наклон успешно може да се одгледуваат лешници, капини, малини и сл. Ран зеленчук. Производство на ран зеленчук во полиетиленски оранжерии (домати, пиперки, краставици, салата и сл.). Релативно поволните температурни услови во некои региони (Југоисточен, Вардарски) постоењето на можности за наводнување, овозможува добивање на конкурентски приноси на градинарските култури. Производство на компир. На повисоките терени, скоро во сите реони може да се развие високо исплатливо производство на семенски компир, но и меркантилен. Тревни, фуражни култури и тревно семепроизводство. Во голем број тутунски реони има погодни услови за рентабилно производство на сено и семе од луцерка, детелина, власатка, рајграс и други треви. Во семето е вложен концентриран интелектуален труд кој што обезбедува висока разлика меѓу трошоците и продажната вредност. Ваквиот вид на семиња се во голем недостиг на нашиот пазар, како за сеидба на слабо продуктивни површини за директно потсејување на природни пасишта, за одржување на приносот на ливадите, така и за одржување на паркови и дворни површини. Едногодишните крмни смески се добредојдени во плодоредот кај тутунот и другите окопни култури. Зголемување на бројот на локални раси добиток. Во ридскопланинските подрачја голема предност имаат домашните раси говеда и мелези со обериенталска и монтафонска раса. Во тие услови исто така има погодни можности за квалитетно и исплатливо јагнешко месо и одгледување на определени раси кози. Во тие услови и сточарстото, покрај растителното производство има предност во системот на органско земјоделство. Семејни фарми за декоративни растенија. Разивањето на цвеќарството е сериозна можност за алтернативно производство во сите тутунопроизводни региони. Со развојот на туризмот и хотелиерството, производството на традиционални видови цвеќе може да биде исплатливо. Тоа води до потребата од производство на квалитетен посадочен материал за која цел е исто така потребно да се организира специфично производство на семејна основа. Реална основа постои и за организирање на мали и средни специјализирани стопанства за расадници со широк асортиман на иглолисни и широколисни дрвенести украсни садници и садници за пошумување. Развивање на нови стопански активности. (диверзификација на селската економија) Овде се мисли пред се на селскиот туризам, пчеларство, одгледување полжави и сл. како и некои занаети за локални и пошироки потреби. Селскиот, аграрниот и екотуризмот се сериозни можности во тутунопроизводните региони да се развијат мали и средни бизниси, користејќи финансиска подршка од средствата за рурален развој и од ИПАРД програмата, за реновирање на архитектонските интересни селски куќи, доградба и уредување на трпезарии, купатила и сл. Пчеларството исто така може да се развие со релативно мали вложувања во доходовно семејно производство за кое исто така може да се добијат средства од споменатите извори, но исто така и за развивање на занаети или други дејности, кои како дел од можната диверзификација на селската економија имаат подршка од државата.
Можен заклучок за можностите да се обезбеди алтернативно вработување на населението во тутнопроизводните региони и ангажирање на слободната работна сила како резултат на намалување на обемот на производството на тутун се реални. Релативно ограничувачки фактори можат да бидат почвите и климатските услови кои оневозможуваат одгледување и развој на високодоходни култури, големата традиција во производството на ориентални тутуни, како и потреба од инвестиции за воведување и развивање на нови производства и дејности. Разработувањето, предлагањето и воведувањето на модели за алтернативно вработување на населението во тутунопроизводните региони е поврзано со идниот развој на ориенталските тутуни на единствениот Светски пазар. Потребно е напорите да се насочат кон максимално користење на средствата од Европската унија, кои се предвидуваат за подржка за одржливо користење на земјоделските површини, за подобрување на социјалната и економската структура и инфраструктура во периферните( неразвиени) селски региони. Проф. Др. Борис Анакиев

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?