ШТО ДАДЕ ЗА ВОЗВРАТ: Грција доби нов пакет помош од 10,3 милијарди евра
Објавено во: Балкан, Економија 10 Јуни, 2016 15:13
Буџетската комисија на Бундестагот гласаше за поддршка за исплатата на следната транша од спасувачката програма за Грција, обезбедена од Европскиот стабилизационен механизам (фондот ЕСМ), изјавија германски пратеници.
„Буџетската комисија на германскиот парламент немала приговор за одмрзнувањето на кредит во износ од 10,3 милијарди евра за Атина“, посочи буџетскиот експерт од десницата Екхард Рехберг, а таа одлука беше потврдена и од други германски пратеници, информира Ројтерс.
Во минатата недела грчките парламентарци го одобрија последниот пакет вонредни мерки кои ги бараа меѓународните кредитори, отворајќи го на тој начин патот кон успешно завршување на прегледот на имплементација на трета спасувачка програма.
Тоа значи дека од една страна, властите во Атина ќе ја добијат наскоро следната транша од помошта, а од друга страна, дека грчките банки најверојатно ќе можат да се вратат кон програмите на ЕЦБ за поевтино рефинансирање.
Во меѓувреме десетици демонстранти го блокираа влезот на Агенцијата за приватизација во центарот на Атина.
Тие планираат нови протести во текот на денот против продажбата на двете најголеми пристаништа во земјата.
Грција се согласи да продаде 67% од акциите на пристаништето во Пиреја за 368,5 милиони евра. Атина, исто така, планира да го продаде поголемиот дел од акциите во второто најголемо пристаниште во северниот грчки град Солун подоцна оваа година. Околу 80 државни службеници и членови на поврзани групи со комунистите протестираа рано утринава пред седиштето на агенцијата за приватизација, која раководи со продажбата. 1100 лица се вработени во пристаништето во Пиреја, а на тоа во Солун работат околу 400.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




