07 Мај, 2024
0.0215

Што добивате ако ги оставите цигарите

Објавено во: Стил 23 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Не само што правите нешто добро за вашето здравје, туку и за буџетот. Ако имате потешкотии при откажувањето, можеби следниве совети ќе ви помогнат да се збогувате со лошата навика. Според истражувањата, потребни се просечно 7 обиди за пушачите најпосле да се откажат од цигарите. Секако, возможно е да успеете и во првиот обид, доколку сте цврсто решени и ги примените правилните техники. За почеток, помислете колку ве чини оваа лоша навика. Колку кутии цигари пушите на ден, помножено со цената на цигарите ќе ви ја дадат сумата што ја трошите во еден месец. Кога ќе сфатите колку пари фрлате на годишно ниво, ќе добиете уште една причина зошто да ги оставите цигарите. Експертите велат дека првиот, критичен чекор е да прогласите точен датум кога ќе престанете да пушите. Неколку дена претходно започнете со намалување на бројот на испушени цигари, полека исфрлајте го приборот за пушење, како што се запалки и пепелници.

Побарајте медицинска помош

Разговарајте со вашиот матичен лекар како најлесно и најбезболно да го направите преодот. Постојат лекарства кои можат да се справат со потребата за никотин и да ги олеснат симптомите на недостиг. Третманите во просек треба да започнат една или две седмици пред да се откажувате.

Најдете замена за цигарите

Еден од најсигурните начини за откажување од цигарите е да најдете замена за нив. Најпопуларните замени се: гуми за џвакање, налепници и бонбони со никотин. Најголем дел од замените, исто така ја задоволуваат потребата да имате нешто во устата. Откако ќе ја победите потребата за чад, потоа лесно ќе можете да се откажете од потребата за никотин.

Побарајте поддршка

Без разлика дали се откажувате одеднаш или пак ќе се одлучите за постепено откажување, ќе ви биде потребна поддршка и охрабрување. Доколку имате некој што ќе ви обезбеди поддршка во моментите на криза, двојно ги зголемувате шансите да успеете во својата намера.