ШТО Е ПРИОРИТЕТ: „Хотели Метропол“ намени за инвестиции најголем дел од добивката, 415 илјади евра
Објавено во: Економија 30 Мај, 2024 11:17
Нема да се дели дивиденда, туку парите ќе се реинвестираат.
Акционерското друштво „Хотели Метропол“ објави како ќе се распредели добивката што ја оствариле во минатата година, а во одлуката очигледно дека дивиденда не се споменува.
Таа одлука била потврдена и на вчера одржаното Собрание на акционерите, а на предлог на Управниот одбор на компанијата.
Или, ако минатата година друштвото „Хотели Метропол“ остварило вкупна добивка од 436 милиони евра, најголемиот дел од овие средства, односно близу 415 илјади евра, ќе се дели за инвестиции во основни средства, додека, пак, многу помал дел од парите, односно износ од околу 22 илјади евра, ќе се намени за законски резерви.
Трите хотели на компанијата „Хотели Метропол“ располагаат со 368 соби и 10 апартмани, односно 378 сместувачки единици.
Таа е најголема охридска хотелиерска компанија.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




