05 Декември, 2025
0.5670

Што ги нервира најмногу хороскопските знаци?

Објавено во: Општо 02 Септември, 2016 20:01

Добивај вести на Viber

Секој може да биде исфрлен од колосек од нешто што на другите им изгледа небитно, па проверете што велат ѕвездите за тоа што му пречи на секој хороскопски знак.

Овенот се нервира кога се расправа со нерешителни луѓе.

Бикот најмногу мрази кога некој ќе влезе во неговата соба и ќе му чепка по личните работи.

Близнаците се вадат од такт кога некој ќе им рече да бидат тивки.

Ракот полудува кога ќе се довери на некого за своите чувства, а таа личност продолжува да се однесува како да не и е гајле.

Лавот се нервира кога постојано треба да се натпреварува за вашето внимание.

Девицата се фрустрира кога чувствува дека треба да се објаснува, а всушност вие требало едноставно да и верувате.

Вагата се вади од такт во близина на луѓе кои се расправаат. Нејзе не и треба таа дополнителна драма во нејзиниот живот.

Скорпијата збеснува ако некому ја даде својата доверба, а тој некој ја изневери.

Стрелецот се нервира кога некој се обидува да го контролира она што тој го прави или вели.

Јарецот полудува кога постојано се наоѓа себеси во ситуација да ги поправа туѓите грешки.

Водолијата се нервира кога луѓето премногу ја прашуваат. Ако сте ја прашале што не е во ред, и стопати ви рекла дека е добро, ве советуваме да ја оставите на мир.

Рибите се фрустрираат кога се обидуваат да зборуваат, а се чини дека никој не ги слуша.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: