27 Декември, 2024
0.0305

ШТО ГО КРЕНА ТОЛКУ МНОГУ ПРОФИТОТ НА ТЕТОВСКИОТ КОМБИНАТ „Тетекс“- еве како се прави зголемена нето добивка за 333 проценти

Објавено во: Економија 28 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Огромен пораст на добивката на Тетовскиот комбинат Тетекс во првото полугодие од годинава регистрира Билансот на успех на компанијата, објавен вчера преку Македонската берза до инвеститорската јавност.

Па така, во првите шест месеци од годинава „Тетекс“ прикажал чист профит од близу 380 илјади евра, бројка која сама по себе и не е толку голема, но она што паѓа во очи е огромниот пораст на нето добивката во однос на истиот период од минатата година, и тоа за дури за 333 проценти.

Односно, во првото полугодие лани „Тетекс“ имал остварено добивка од само 87 илјади евра, така што годинашниве 378 илјади евра се всушност огромен пораст за над 300 проценти.

Што е она што ја направило фантастичната добивка на друштвото кое пред неколку години реши да се откаже од својот кор бизнис, односно производството на текстил, и да продолжи да функционира главно од издавање на својот деловен простор, но и благодарение на својата „златна кокошка“, а тоа е одличната ТТК банка, која секогаш испорачува прилично солидни финансиски резултати.

Во своето образложение на остварената добивка Тетекс известува дека за периодот јануари-јуни 2023 година оствариле позитивен финансиски резултат, искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех.

Всушност, вкупните оперативни приходи што ги остварила компанијата во првото полугодие од годинава се на ниво од 1,47 милиони евра, што е исто така огромен пораст во однос на минатата година, за 268 проценти.

Најголемиот дел од овие приходи се приходи од продажбата, каде се остварени дури 1,25 милиони евра, или над 76 милиониу денари. Тоа во однос на истиот период лани е зголемување за 261 проицент.

Од компанијата објаснуваат дека овие приходи се „резултат на редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи и стоки“.

Нема подетално објаснување кои се тоа кирии, услуги и продажби кои толку многу ги зголемиле приходите од редовното работење.

Од Билансот на успех може да се види дека иако приходите од продажба на странски пазар се пониски, кај нив всушност има одличен, односно фантастичен скок. Или, тие во првото полугодие изнесувале 278 илјади евра, што е зголемување за дури 1.319 проценти.

Исто така, има огромно зголемување на финансиските приходи. Тие во првите шест месеци биле на ниво од 980 илјади евра, што е раст за 241 отсто.

„За тековниот период во финансиските приходи од 60.281.000 денар (980 илјади евра – н.з.), се евидентирани  приходите од  примени дивиденди“, се вели во објаснувањето од компанијата.

Додека, пак, вкупните расходи се на ниво од 1,34 милиони евра, и кај нив има раст за 187 проценти. Што значи дека исто така има огромен раст на ртасходите, но тој не е толку голем како растот на приходите.

Во компаниското образложение нема прецизирано на што се должи растот на расходите.

На расходната страна се гледа дека трошоците за вработените пораснале за 44 отсто, што би ја извлекло претпоставката дека има раст на платите на вработените, но тој не го следи толку растот на приходите и на профитот.

Од компанијата информираат и дека во изминатиов период исплатена е бруто  дивиденда во износ од 45.559 илјади, односно 110денари по акција.

Исто така, во првото полугодие се набавени недвижности во износ од 29.458 илјади денари.

Обврските по кредити на 30 јуни годинава изнесуваат 69.472 илјади денари и претставуваат 2 отсто намалување во однос на почетната состојба, кога тие изнесувале 70.617илјади денари.

„Напорите на менаџментот на ТЕТЕКС АД ,во  постоечките  услови на работа, се насочени кон менаџирање на постоечките расположиви капацитети на недвижен и движен имот, како и залихите на материјали, производи и стоки, за да се оствари приход и позитивен резултат од работењето , согласно финансискиот план за 2023 година“, се вели во образложението од компанијата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница

РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница

ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ СО НАЈГОЛЕМА ПОТРОШУВАЧКА, ИСЕЛЕНИЦИТЕ ГО БИЛДААТ ПРОИЗВОДСТВОТО: Откријте како работи „Пекабеско“ во Бизнис муабети

ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ СО НАЈГОЛЕМА ПОТРОШУВАЧКА, ИСЕЛЕНИЦИТЕ ГО БИЛДААТ ПРОИЗВОДСТВОТО: Откријте како работи „Пекабеско“ во Бизнис муабети

Зошто тој што купуваше сега ги продаде и кој ги купи акциите на „Македонијатурист“ за 2,7 милиони евра?

Зошто тој што купуваше сега ги продаде и кој ги купи акциите на „Македонијатурист“ за 2,7 милиони евра?

ИТНО СЕ ПОВЕКУВА ПРОИЗВОД НА ЗАРА ВО СРБИЈА: Постои ризик од повреди

ИТНО СЕ ПОВЕКУВА ПРОИЗВОД НА ЗАРА ВО СРБИЈА: Постои ризик од повреди

ПРАЗНИЧНА НЕДЕЛА ОДБЕЛЕЖАНА СО РАСТ: Дали е тоа показател како ќе се одвиваат јануари и февруари? Еве што вели извештајот од Волстрит

ПРАЗНИЧНА НЕДЕЛА ОДБЕЛЕЖАНА СО РАСТ: Дали е тоа показател како ќе се одвиваат јануари и февруари? Еве што вели извештајот од Волстрит

НОВОГОДИШНИ „ПАКЕТЧИЊА“ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО „МАКПЕТРОЛ“ - сите се офајдија со по 500 евра

НОВОГОДИШНИ „ПАКЕТЧИЊА“ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО „МАКПЕТРОЛ“ - сите се офајдија со по 500 евра

ПРОФИТОТ ИМ НАДМИНУВА ДВА МИЛИОНИ ЕВРА: Извршните директори на „Пекабеско“ во Бизнис муабети

ПРОФИТОТ ИМ НАДМИНУВА ДВА МИЛИОНИ ЕВРА: Извршните директори на „Пекабеско“ во Бизнис муабети

Во национален енергетски оператор се делат „министерски“ плати

Во национален енергетски оператор се делат „министерски“ плати

ДЕВЕТ БУКВИ ШТО МНОГУ МАКЕДОНЦИ ГИ „ЗАРАБОТИЛЕ“ ВО СТРАНСТВО: Еве го нивното значење

ДЕВЕТ БУКВИ ШТО МНОГУ МАКЕДОНЦИ ГИ „ЗАРАБОТИЛЕ“ ВО СТРАНСТВО: Еве го нивното значење