ШТО ГО ЗБЕСНА ЛОВРЕН ЗА ДА НАПРАВИ СРАМЕН ИСПАД - навреди кон новинари во микс зоната
Објавено во: Спорт 18 Декември, 2022 06:49
Откако Хрватска го освои бронзениот медал на СП победувајќи го Мароко со 2:1, фудбалерот Дејан Ловрен предизвика скандал во микс зоната, пишува хрватски Индекс.
Ловрен навреди неколку хрватски новинари. Се започна кога Ловрен помина покрај новинарите кои без да кажат збор барале изјава. Тој поминал покрај хрватските новинари и рекол: „Сега Лука Модриќ ќе ви даде изјава“ и си заминал.
Откако ја напуштил микс зоната, еден од новинарите се насмеал. Ловрен го слушнал ова и налутено прашал кој се смее. „Не ти се смеевме“, го добил одговорот. Ловрен потоа почнал да вика силно: „Каков начин е ова, вие сте против, се смеете, нè исмејувате. Не сте среќни поради ова“.
Новинарите му одговориле: Не ти се смееме, што е работата“.
„Не, вие не сте горди. Вие сте едни од ретките што не плукаа од почеток и не веруваа“, извика Ловрен, а кога новинарот му одговори дека не е вистина, хрватскиот стопер продолжи да вика: „Па, сега сте се исмејуваш, смрдле еден. Ти и оваа госпоѓа. Не го снимивте тоа кога се смееш, нели?“, извика Ловрен.
„Ви велам, не се однесувајте, нема смисла да кажувате такви зборови пред 30 луѓе“, се обидоа да го смират Ловрен дел од новинарите. „Па, тоа е вистината“, одговори фудбалерот. „Срамота е ова што го зборувате сега“, на крајот одговори еден хрватски новинар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





