18 Мај, 2024
0.0303

Што им порача Хари Костов на малите акционери во „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Костов вложи помеѓу 140.000 и 150.000 евра во акции со право на глас и на дивиденда во банката со која раководи долги години. Оваа вест позитивно одекна во инвеститорската јавност затоа што го потврди континуитетот на инвестирање на првиот човек на таа банка во компанијата со која раководи. Тоа значајно ќе ги охрабри мноштвото потенцијални инвеститори, но и тековни акционери на таа банка. А доказ на тезата е тоа што на денот по објавата на оваа вест прометот со таа акција достигна речиси 200.000 евра

Хари Костов, долгогодишен прв човек на една од двете најголеми деловни банка познат и признат банкар, продолжи со позитивната корпоративна практика што ја воведе заедно со првиот човек на „Алкалоид“. Костов, прв извршен директор на „Комерцијална банка“ купи 1.700 акции со право на глас во банката што ја предводи долги години наназад.

Оваа информација е официјална и е објавена на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Купувањето на 1.700 акции со право на глас сигурно дека може да се гледа како значајно охрабрување за малите акционери во „Комерцијална банка“. Зошто? Затоа што првиот човек на таа банка повторно, во низа од неколку пати во изминативе години, одлучил и купил 1.700 акции со право на глас. Значи дека Костов, според тоа каква е пазарната цена на таа акција во изминатиов период вложил помеѓу 140.000 и 150.000 евра во акции на банката со која раководи. Оваа информација е значајна и заради тоа што е креирана во период на одлично работење на банката и во период кога претстои исплата на дивиденда од ланското работење на банката годината во која „Комерцијална банка“ оствари добивка од безмалку 30 милиони евра. Овој податок значајно ги подгреа очекувањата на малите акционери – домашни физички лица дека реално можат да очекуваат дивиденда која ќе биде највисока барем во последните шест-седум години од работењето на таа банка.

Потегот на Костов веројатно е имплициран и од неговиот договор со банката, но како и да е оваа вест охрабрува многу акционери. Континуитет на позитивни вести е многу важен индикатор за раст на довербата кај инвеститорите на Македонската берза. Крупна вест е дека главниот директор на една од двете најголеми банки, а по неколку критериуми и убедливо најголема банка, вложува околу 150.000 евра во акции на банката со која раководи долги години. Особено и дополнително заради тоа што токму годинава што измина имаше значајни промени во акционерската структура на таа банка при што акции продаде најголемиот поединечен акционер – шведски инвестициски фонд, а купија неколку домашни компании, а најголем меѓу нив е „Адора Инженеринг“.

Претходно лани во мај Костов во два наврати докупи 1.800 акции со право на глас во „Комерцијална банка“.

Повеќе за резултатите на „Комерцијална банка“ можете да прочитате ТУКА.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра