16 Декември, 2025
0.0353

Колку дивиденда има за акционерите од 29 милиони евра добивка на „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2019 16:42

Добивај вести на Viber

Банката постигна историски успех. Во услови кога нејзините нето приходи од камати во споредба со 2017 година паднаа за речиси 10 милиони евра односно 20 отсто, нејзината добивка по оданочување порасна 15,5 милиони евра и годината ја заврши со нето профит од 28,95 милиони евра

„Комерцијална банка“ ја имаше својата најуспешна година во корпоративната историја на Република Македонија. Прокнижи добивка од 28,95 милиони евра по оданочување што е резултат што израдува многу акционери – домашни физички лица. Сега по овој резултат значајно ќе порасне довербата на акционерите во таа акција, но сигурно дека ќе пораснат и апетитите на домашната инвеститорска заедница. Очекувана дивиденда по акција? Еснафот шпекулира со нето принос поголем од 250 денари за акција. Клучниот збор ќе го има Ванчо Чифлиганец, преку неговата компанија „Адора Инженеринг“ која година стана најголем поединечен акционер во најголемата домашно поседувана деловна банка.

Нето добивката е 781 денар по акција и тоа е двојно подобро од лани кога нето добивката по акција изнесуваше 360 денари.

Како изработи „Комерцијална банка“?

Можеби и клучен момент за ланското работење на банката беше решавањето на отвореното прашање со „Фени Индустри“ еден од најголемите клиенти кој спрема банката беше изложен повеќе од 20 милиони евра. Неговата брза консолидација и откупот на побарувањата влијаеше многу позитивно врз билансот на банката особено во првата половина од годинава преку отписот на резервациите. Кај нето приходите од камати има значаен пад од 20 отсто односно 10 милиони евра помалку од 2017 година. Нивниот нето износ на крај на декември лани е 40,7 милиони евра. Кај втората приходната ставка има пристоен раст во однос на 2017 година. На нето основа приходите од надоместоци и провизии се 14,26 милиони евра и се околу 0,8 милиони евра повисоки од лани. Солиден раст и кај останатите приходи од дејноста. Тие пораснале за 5,6 милиони евра до износ од 23,16 милиони евра. Паралелно со ова огромен пад на резервациите. На крај на 2017 година биле 40 милиони евра, а лани се на ниво од неполни 13 милиони евра. Тука е клучот на финансискиот успех на „Комерцијална банка“. 

Но дали е се подобро? Не. Лани загубата заради оштетување нефинансиски средства е четири пати поголема од 2017 година и изнесува 6,7 милиони евра. Сепак, мора да се потенцира дека расте износот на резервации особено во последниот квартал во 2018 година. На крајот на септември тие изнесувале 3,82 милиони евра, а годината е завршена со ниво од 12,91 милиони евра што е зголемување за 9 милиони евра за период од 92 дена. Просечно дневно резервациите на банката во овој период растеле за 98.000 евра.

Од билансот на состојба издвојуваме значаен раст на депозитната база која се ближи до психолошката граница од 100 милијарди денари, а точно изнесувала 1,61 милијарди евра на крај на 2018 година. Нивото на кредитни пласмани на таа банка лани било 754,6 милиони евра и е повисоко за 17 милиони евра од 2017 година.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност