05 Декември, 2025
0.0216

ШТО ИЗЈАВИ РОНАЛДО ПО СКАНДАЛОТ: Го обвинија дека сака да го напушти Катар,а спомна и надворешни сили

Објавено во: Спорт 08 Декември, 2022 18:21

Добивај вести на Viber

Изби нов скандал околу Кристијано Роналдо! Откако крена прашина пред Мундијалот со интервју кое на крајот доби отказ од Манчестер Јунајтед, сега се појавија информации дека сакал да си замине од репрезентацијата бидејќи селекторот Фернандо Сантос не го ставил во стартниот состав за натпреварот против Швајцарија.

На тој меч брилијантно беше заменет од Гонзало Рамос, младиот напаѓач на Бенфика кој постигна три гола на натпреварот и беше играч на натпреварот. Сепак, после се, сега се огласи Кристијано Роналдо со мистериозна порака. Што точно сакаше да каже, проценете сами.

„Група премногу обединета за да биде скршена од надворешни сили. Нација премногу храбра за да дозволи секој противник да ги исплаши. Тим во вистинска смисла на зборот, кој ќе се бори за сонот до крај! Верувајте ни! Одете напред Португалија “, напиша Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил.

После се, се огласи и Фудбалскиот сојуз на Португалија во обид да ја разјасни ситуацијата и да ги демантира тврдењата дека искусниот 37-годишен напаѓач бил на прагот да ја напушти репрезентацијата.

„Веста што беше објавена во четвртокот за заминувањето на нашиот капитен Кристијано Роналдо од националниот тим по разговор со селекторот Фернандо Сантош е предмет на нашето соопштение. Фудбалскиот сојуз бара јавноста да биде запознаена дека капитенот на нашиот национален тим, Кристијано Роналдо, не се закани дека ќе замине за време на Светското првенство во Катар“, се вели во соопштението на Португалската фудбалска федерација.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: