Што јадат, а што не најмоќните луѓе во светот?
Објавено во: Стил 08 Октомври, 2013 14:26
Добар оброк ја намалува тензијата
Ако Винстон Черчил бил во право кога рекол дека „стомакот владее се светот“, тогаш овогодишниот состав од 27 готвачи се оние кои можат да влијаат на многу одлуки од витално значење за нашата планета. Бидејќи, сепак нивната храна е таа која влијае на расположението, на опуштањето и забавата на светските челници пред важни состаноци на кои потпишуваат важни одлуки и договори.Кулинарски страсти
Средба на најдобрите готвачи во светот оваа година е одржана во Париз. Големите 27 готвачи на новинарите им откриле некои од строго чуваните тајни на кујната на Белата куќа, Кремљ и Елисејската палата.
На пример, Владимир Путин е единствениот шеф на државата која има свој личен дегустатор на храна – тој јаде апсолутно се пред да проба неговиот шеф.
Американскиот претседател Барак Обама, не сака цвекло и не сака тој да биде на менито на Белата куќа.
Францускиот претседател Франсоа Оланд никогаш не јадел артичоки. Никола Саркози не јаде никакви кашкавали.
Германската канцеларка Ангела Меркел ја обожува француската кујна и честопати заради оброк лета за Париз.
Готвачи кои можат да го променат светот
Членовите на овој ексклузивен клуб со своите идеи можат доста да влијаат на атмосферата и расположението на големите водачи, па така, за состанокот помеѓу Оланд и Меркел, на кој се одбележувала 50-годишнината од германско-француското помирување, француските готвачи одлучиле да го приготват истото мени кое било на официјалната вечера на Чарлс Де Гол и Конрад Аденауер кога го потпишале Договорот за пријателство.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





