Што ќе се случи со побарувачката на нафта догодина?
Објавено во: Економија 12 Август, 2016 09:14
Прогнозата за побарувачката на нафта во 2017 година е намалена, поради послабите перспективи на глобалната економија по Брегзит.
Меѓународната агенција за енергетика прогнозира ваква состојба. Оттаму велат дека во 2017 година растот на побарувачката на нафта во светот ќе успори од сегашните 1,4 милиони барели дневно на 1,2 милиони барели.
Во извештајот се наведува дека ваквите прогнози се базирани на „мрачните макроекономски перспективи“ на глобално ниво.
Агенцијата со седиште во Париз, која е поврзана со Организацијата за економска соработка и развој, во јули излезе со проценка дека глобалната потрошувачката на нафта во 2017 година ќе биде 1,3 милиони барели дневно. Ревидираните проекции за 2017 година се врз бара на јулската прогноза на ММФ, која ги намали очекувањата за економски раст.
Понудата на нафта на светско ниво се зголеми минатиот месец како резултат на зголеменото производство и од страна на земјите членки на Организацијата на држави извознички на нафта(ОПЕК), но и на земјите кои не се членки на ОПЕК. Суровата нафта во моментов се продава за околу 45 долари за барел.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




