28 Април, 2024
0.0310

Што ќе ги чести ТТК Банка акционерите за Денот на трудот?

Објавено во: Економија 01 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Најмалата банка даде пример за однос и почит кон инвеститорската заедница што треба да го следат сите други банки и компании чии акции се тргуваат на берзата. Објави дека на 30 март ќе донесе одлука за бруто дивиденда од 104 денари за акција која ќе биде поделена на 2 мај годинава. Тоа е принос од 9,5 отсто во однос на последната пазарна цена која изнесуваше 980 денари за акција. Целата добивка од 2017 година оди во исплата на дивиденда освен задолжителната резерва

ТТК Банка ќе подели по 104 денари бруто дивиденда по акција на своите акционери, ова е официјалната предлог одлука што ќе биде ставена на гласање на претстојното акционерско собрание кое е закажано за 30 март годинава. 

Во предлог одлуката пишува дека дивидендата ќе биде исплатена на 2 мај годинава, а право на дивиденда односно 104 денари по акција ќе имаат сите акционери кои се сопственици на акции во акционерската книга на 12 април годинава. ТТК Банка прва од сите банки и воопшто од сите компании чии акции се тргуваат на нашата берза објави колкав износ на дивиденда ќе подели и на кој датум ќе ја исплати дивидендата. 

Со овој гест на менаџментот и на акционерите оваа банка покажа значајно ниво на однос кон сите потенцијални акционери и воопшто кон целата домашна инвеститорска јавност. Или кажано со други зборови ТТК Банка постави нов стандард и ја унапреди досегашната корпоративна практика на домашните компании во однос на термините за одржување акционерски собранија и за поделба на дивиденда.

За домашните акционери – физички лица нето дивидендата од секоја акција на ТТК Банка изнесува 93,6 денари. Тоа е принос од 9,55 отсто на вложеното кога во предвид ќе се земе последната пазарна цена на таа акција од 980 денари постигната во вторник на 27 февруари. Може ли приносот да се спореди со каматите од штедните влогови и орочените средства?

Како најмалата банка ја направи најголемата добивка?

Најмалата банка стана пример за успех и покажа дека големината не е проблем туку е предност за тој што знае како да се организира и постави на пазарот. ТТК Банка направи добивка од 100,12 милиони денари. Ако се повтори искуството со делбата на профитот за 2016 година, наскоро акционерите ќе може да очекуваат дивиденда во бруто износ од 104 денари по акција што е безмалку 10 отсто од сегашната берзанска цена на таа акција

ТТК Банка ја има својата најдобра деловна година, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи за 2017 година. Една од најмалите домашни банки покажа дека во услови на силна конкуренција нејзината големина не е проблем туку предност. Добивката е 38 отсто од нето приходот од камати- најголемата приходна ставка.

Раст на приходите од камати, раст на кредитирањето и раст на нивото на депозити во комбинација со значително намалување на резервациите и загубите заради оштетување нефинансиски средства доведоа во најдобар финансиски резултат во историјата на оваа банка и добивка што за прв пат надмина 100 милиони денари.

ТТК банка 2017 година ја заврши со добивка од 100 милиони денари што е резултат кој е подобар за 20 отсто во однос на 2016 година. Ова е резултат за почит во силната банкарска конкуренција особено во сегментот каде егзистира оваа банка, а тука се уште осум мали и средни банки. Приходот од камати надмина 332,8 милиони денари и е за12 милиони денари поголем од 2016 година. Паралелно со тоа за 11 милиони денари пораснале и расходите за камати, што овозможило банката да има нето приход од камати во износ од 265,13 милиони денари што е за нијанса подобро од 2016 година. Единствен послаб резултат од 2016 година има кај сегментот приходи од провизии и надоместоци и тука нето приходите се 126,6 милиони денари и се за 18,5 милиони денари послаби од 2016 година. Многу е веројатно дека банката свесно одела кон намалување на провизиите и надоместоците на своите услуги со цел зголемува на обемот на деловни операции и бројот на задоволни клиенти. Треба да се напомене дека и кај ставката останати приходи од дејноста банката остварила 40 милиони денари помалку од претходната година.

Големо намалување на загубите од нефинансиски средства и на резервациите

Менаџментот на банката успеал лани одлично да управува со резервациите и нефинансиските средства. Податоците покажуваат дека на овие две ставки менаџментот во однос на 2016 година има помал трошок од вкупно 72,5 милиони денари од кои за 43,5 милиони денари помалку кај резервациите и уште 29 милиони денари помалку кај загубата за оштетување на нефинансиски средства. Овие две ставки се генераторот на зголемената добивка на ТТК Банка. Значајно да се истакне дека ставката за плати на вработените  лани во споредба со 2016 година е зголемена за 8 милиони денари до 164,4 милиони денари и тоа е компензирано со намалените трошоци на банката во ставката останати расходи од дејноста.

Нивото на депозити од други коминтенти стигна до 100 милиони евра, кредитирањето зголемено за 11,6 милиони евра

Податоците од билансот на состојба покажуваат дека депозитите на други коминтенти (исклучок се банките) достигнаа 6,16 милијарди денари и во споредба со 2016 година се поголеми за 310 милиони денари. Нивото на кредитното портфолио на банката на крај на 2017 година достигна 4,34 милијарди денари и тоа е за 720 милиони денари повеќе од 2016 година. Вредноста на превземени средства врз основа на неплатени побарувања на крајот на 2017 година е 2 милиони евра и е 104 милиони денари помал од 2016 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност