26 Април, 2024
0.0269

Што ќе посееш, тоа ќе ти никне

Објавено во: Стил 06 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Меѓу останатите работи кои ги учев и научив низ животот, во главата ми остана една реченица на другарка ми Цеце која низ муабет околу децата и нивното воспитување, ми рече „сѐ ќе беше прекрасно да имаа децата само уши, а не и очи“. Лекциите кои им ги сервираме на децата се обично само вербални. Ги учиме што е добро, што е лошо, како треба да се однесуваат, попатно заборавајќи дека она што го зборуваме нема никаква тежина, доколку нашите постапки го говорат спротивното. Децата гледаат, не се потпираат само на нашите предавања од кои устите ни се запенуваат. Говорете за чесност до немајкаде, но ако ве гледаат дека низ сите животни ситуации се однесувате нечесно, џабе дрдорењето. Покрај ќерка ми научив дека она што го зборувам е само минливо, но дека моите постапки се токму она од што таа учи и создава став кон работите низ животот. Ќе ви повторам една случка која ја имам веќе кажано во една од колумниве.

Нина имаше 9 или 10 години. Пасија беше возење со велосипеди во попладневните часови кога ќе се приберевме дома после работа и училиште. Еден ден бев преморена, што од работа, што од пазарењето кое мораше да се заврши дента. Цела возбудена ме праша дали може веднаш да излеземе од дома и да се возиме. Ја замолив да се стрпи малку да соберам душа и дека ќе одиме малку подоцна. Дете ко дете, си најде веднаш занимација и се заигра сама. Откако ги завршив обврските со средување на работите кои ги купив, одморив половина час и ја потсетив на возењето велосипеди. Таа имаше заборавено што сум кажала. Ама не заборавив јас. И си го исполнив зборот. Интересно е дека од тој момент таа секогаш се потсеќа на тоа како момент дека она што ќе го кажеш или ветиш, треба да го исполниш. И одвреме навреме ме потсетува на тоа. Ќерка ми знае дека мојот збор тежи, оти е поткрепен и со дело.

Целата колумна на Ана Бунтеска читајте ја на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти