Добивај вести на Viber
По пауза од три месеци, во петок повторно ќе почне да се печати неделникот „Фокус“. Првиот број, практично, на продажните места во главниот град ќе се најде уште во четврток вечер. Со познатата новинарска екипа, предводена од главниот и одговорен уредник Јадранка Костова, Фокус стартува како целосен новинарски продукт, чија цел е да го негува новинарството така како што е напишано во учебниците, објективно, непристрасно.
Фокус, како што најавува новинарската екипа ќе продуцира истражувачки стории од сите области, кои беа белег на овој неделник, но исто така ќе ги анализира и опсервира политичките и економските состојби, во обид да креира амбиент за подобрување на општествената слика на државата. Се очекуваат и одредени нијансирани промени во концептот, нови рубрики и нови колумнисти, иако таму ќе бидат присутни и пишувачите кои долги години беа дел од овој неделник.
Стрипот на Фокус, кој беше еден од препознатливите белези исто така ќе продолжи да ги прави интересни последните страници на магазинот.
„Ќе се обидеме да ја продолжиме мисијата на Никола Младенов, „на креирање општество на слободни луѓе, а не збирштина од безрбетници“, се вели во соопштението од редакцијата.
Весникот почна да се издава во 1995 година под водство на Никола Младенов, човекот кој целосно му се посвети на неделниот весник „Фокус“, како прв слободен и независен неделен весник во Македонија. Со логото „Неделник на внатрешниот, а, богами, и надворешниот непријател“, „Фокус“ стана еден од главните стожери на демократијата во земјата и весник кој пишуваше за проблеми кои останатите медиуми се плашеа да ги чепнат.
„Фокус“ важи за медиумски полигон за дебата на различни политички, општествени културни и историски гледишта, се очекува неговото возобновување да донесе свежина на зачмаениот медиумски простор во кој доминираат медиуми кои се целосно зависни од политичките центри на моќ.
Како најава за новиот почеток, новинарите на неделникот, во видето за
НОВА открија- Колку чини слободата?