Што мисли Путин за Третата светска војна?
Објавено во: Свет 08 Јуни, 2018 06:45
Третата светска војна би била крај за цивилизацијата, изјавил рускиот претседател Владимир Путин на годишната телевизиска „директна линија" со граѓаните.
Рече дека тоа мора да го сфатат сите и тоа е тоа што би требало да ги натера да престанат со судирите.
„Третата светска војна би значела крај за цивилизацијата и затоа мора да ги сопреме конфликтите"- кажал Путин.
Како што објаснил, стравот од взаемна деструкција, како и стратешкото парирање, ги натерале светските сили да се почитуваат меѓусебно од крајот на Втората светска војна.
„Не знам со што ќе се води Третата светска војна, но четвртата ќе се води со стапови и камења"- изјавил Путин, цитирајќи го научникот Алберт Ајнштајн.
Путин потоа ги повикал светските сили да се повлечат од глобалните судири и рекол дека треба сите да седнат зад преговарачката маса и заедно да најдат решение кое ќе ја гарантира европската безбедност.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




