15 Декември, 2025
0.0504

ШТО МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ХРАНАТА „БОГАТА“ СО ПЕСТИЦИДИ: Проф. Ристовска за Фактор

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2023 07:27

Добивај вести на Viber

Иако цената на јагодите на почетокот на сезоната беше дури и 250 денари за едно пакување од едвај половина килограм, дел од луѓето купуваа, како што велат, „колку да се проба“, а сега кога можат да се најдат и за помалку од 100 денари за килограм, се купуваат и цели гајби. Според американската невладина организација „Environmental working gropup“ (EWG), јагодите и оваа година се на врвот на листата на производи кои се најконатминирани со пестициди, па советуваат на што треба да се обрне внимание. Кај нас, јагодите не беа споменати, но беше алармирано за присуство на пестициди кај некои видови зеленчук кои се увезени, заради што Фактор праша дел од граѓаните дали се загрижени. Дел од нив велат дека веќе одамна не купуваат свежо овошје и зеленчук на зелените пазари, туку овие намирници ги набавуваат во специјализираните продавници за здрава храна

-Со години веќе купувам органски зеленчук и овошје. Во Скопје има неколку специјализирани продавници и барем еднаш неделно сум таму. Поскапо е, но барем знам дека е многу поздраво, и оваа храна не е третирана со пестициди, вели наш сограѓанин во изјава за Фактор.

Дел од нив пак сметаат дека консумирањето на храна прскана со пестициди не може да предизвика несакани здравствени ефекти, ако станува збор за мало количество.

-И доматите, и краставиците и компирите, и јаболката, што и да е друго, еве на пример и портокалите неолупени, значи со кората, пред да ги јадеме, стојат во вода со сода бикарбона. Сметам дека не може да направат голема штета на организмот, без разлика дали се прскани или не се третирани со пестициди. И онака се друго е загадено во Македонија. Воздухот „штипе“ што се вели, посебно зимно време. Така што, ова сега што се зборува за присуство на пестициди во некои зеленчуци е навистина незначително. Треба само убаво да се измие пред да се употреби, вели скопјанката Мила В.

Според професорката Гордана Ристовска од Секторот за здравствена екологија при Институтот за јавно здравје во зеленчукот и овошјето може да има остатоци од пестициди, ако тие не се употребуваат согласно правилата на Добра Земјоделска Пракса.

-Најчесто тоа се случува ако плодовите се собираат набрзо после  апликацијатата на пестицидите, односно прскање на растенијата. Или ако се употребуваат пестициди кои се забранети за употреба заради нивната токсичност и перзистентност, тешка разградливост. Но, важно е да се знае дека имаме Правилник со кој се регулираат максимално дозволените вредности на остатоци од пестициди во прехранбените производи. Ако концнетрацијата на пестицидот е повисока од максимално дозволените вредности, тогаш велиме  дека производот не е безбеден за консумација од страна на човекот и не треба да се стави во промет. Овие максимално дозволени вредности се дефинирани врз основа на научно истражувачка работа ии се очекува дека ќе го заштитат задрвјето на луѓето. Конкретно нашиот Правилник е усогласен со европската легилатива, односно истите гранични врендсоти за резидуи на пестициди се применуваат во нашата змја и во ЕУ, вели проф. Ристовска.

Посебно нагласува дека овие концнетрации на остатоци на пестициди се ниски, и нема да предизвикаат акутно труење кај луѓето кои ќе ги консумираат овие производи.

-Но, опасни се по здравјето на луѓето ако се консумира постојано храна која содржи резидуи на пестициди. Во тој случај тие се акумулираат во организмот и ќе предизвикаат оштетување на одредени органи и нивните функции. Со оглед дека се работи за разновидна група на хемиски супстанции, тие имаат различно дејство на организмот на човекот, некои од нив се канцерогени, некои делуваат на ендокриониот систем, репродуктивниот или нервниот систем. Се разбира дека децата и бремените жени се поосетливи на дејството на пестицидите. Како да се заштитат граѓаните? Со темелно миење или лупење на зеленчукот и овошјето. Има студии кои покажуваат дека со потопување на зеленчукот или овошјето во раствор на сода бикарбона или оцетна кислеина се намалува содржината на пестицидите, нагласува проф. Ристовска во разговорот за Фактор. 

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите