Што можат да направат паметните очила на Google
Објавено во: Стил 22 Февруари, 2013 17:15
Трката за преносни мобилни уреди со полна сила започна меѓу технолошките гиганти. Од американската интернет компанија Google скоросе при крај со развојот на "паметни очила" со функции на мобилен компјутер, во пресрет на информацијата за новиот паметен уред на кој работи Apple, односно "паметниот часовник".Така двата гиганти својата отворена војна ја префрлија во оперативните системи за мобилни уреди, која во моментот се чини дека се повеќе ја добива Google.
Еве и дел од работите кои ќе можат да прават новите "паметни очила" на компанијата, презентирани на фотографии од Google: Тие ќе се изработени од нов вид стакло, кој се одликува со исклучителна леснотија, флексибилност и цврстина.Ќе можат да ги снимаат вашите омилени моменти со гласовна команда. 1.Ќе можат да го снимаат токму она што го гледате во моментот
2.Со нив ќе можете да споделите со пријателитесе што гледате во реално време
3.Ќе ви го покажат патот
4.Можете гласовно да им наредите да пратат порака
5.Можете да ги прашувате што и да е и да ви служат како личен туристички водич
6.Можете да ги користите како личен преведувач кога сте во странство
7.така, ќе ви одговараат уште пред да поставите прашање
А сепак останува едно очигледно прашање поставено дури од Марк Закърбърг - Како да не изгледате смешни со овие очила на главата?
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






