Што можеше да направи Русија со 500-те тони уништена храна?
Објавено во: Свет 18 Август, 2015
Минатата недела Русија објави дека уништила над 500 тони храна, преземајќи ja оваа мерка како дел од економските санкции кон Западот. По тој повод медиумот „Слободна Европа“ изнесе податоци за она што можеше да направи руската влада со оваа храна, наместо да ја уништува.
Просечен Русин јаде по килограм и половина храна на ден, тврди медиумот. 500 тони храна би можеле да нахранат целосно 330 000 гладни луѓе, барем според „Слободна Европа“.
Просечното количество храна што се служи за ручек на ученици во училиштата во Русија, е околу 760 грама. 500 тони би можеле да бидат доволни за 650 000 училишни ручеци, според податоците на референцирање на медиумот.
Во Руската федерација има околу 160 000 сирачиња, секое од кое може да изеде храна за 3 дена. За да се направат овие генерализации, авторите на информациите велат дека се распрашувале до Националниот руски статистички институт.