ШТО НАЈМНОГУ НАСТРАДА ОД КРИЗАТА - еве кои гранки претрпеа најголем пад
Објавено во: Економија 07 Септември, 2020
Како што и се очекуваше, домашната економија падна силно во вториот квартал од годинава. Минусот изнесува дури 12,7 отсто, јавува Државниот завод за статистика.
Што ја стопи економската активност во земјава?
Од податоците на статистичарите може да се види дека најголем пад има кај рударството, преработувачката индустрија, но значаен пад има и кај трговијата.
Сосема е очекувано бидејќи овие дејности не работеа во април, мај и дел од јуни, поради рестриктивните мерки на заштита, кои, пак, беа наметнати поради пандемијата од коронавирусот.
Конкретно, секторот Рударство и вадење на камен;
Преработувачка индустрија;
Снабдување со електрична енергија,
гас, пареа и климатизација;
Снабдување со вода; отстранување на
отпадни води, управување со отпад и
дејности за санација на околината, има заедно паднато за дури една четвртина, или за 25,2 отсто.
Само преработувачката индустрија ако се гледа, падот изнесува дури 29,4 проценти.
Дејностите пак, трговија на големо и трговија на
мало; поправка на моторни возила и
мотоцикли; Транспорт и складирање;
Објекти за сместување и сервисни
дејности со храна, има пад од дури 23,4 проценти.
Пад има и кај градежништвото, но само 0,5 отсто, а минус од 3,1 отсто има кај финансиските дејности и осигурувањето, како и кај стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности.
Сосема мал минус од 0,2 отсто е регистрирана кај дејностите уметност, забава и рекреација;
Други услужни дејности; Дејности на
домаќинствата како работодавачи;
дејности на домаќинствата кои
произведуваат разновидна стока и
вршат различни услуги за сопствени
потреби.
А што успеало да оствари раст, и покрај кризата?
Земјоделството има зголемување од 4,5 отсто, информациите и комуникациите за 0,9 отсто, јавната управа и одбраната пораснале за 2,2 отсто, а кај дејностите поврзани со недвижен имот нема ни раст, ниту пад.
Податоците покажуваат дека извозот во второто тримесечје годинава е намален за 31,3 отсто, додека увозот бележи пад од 29,6 отсто.
Овој пад на БДП од 12,7 отсто следува откако во првиот квартал домашниот БДП имаше раст на ниво на статистичка грешка, од 0,2 отсто.
Ова значи дека домашната економија во првото полугодие има голем пад.
Владата најави дека во третиот квартал ќе има благо закрепнување, за во четвртиот земјава да може да се врати на патеките на раст.
Инаку, властите највуваат четврти пакет на економски мерки, со кои ќе им се помогне на фирмите и граѓаните за да излезат од кризата.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.