19 Април, 2024
0.0344

Ако не сакате отказ, еве што НЕ треба да правите на Фејсбук!

Објавено во: Стил 08 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Судот е категоричен: кој трачари за своите колеги и работодавачи на социјалните мрежи, може да биде отпуштен без претходна најава, пишува „Wirtschafts Woche“. Ако не сакате да ја загубите работата на непријатен начин, еве неколку случаи кои можат да ви кажат ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ! 1. Приправник во една фирма на фејсбук ставил статус во кој го опишал работодавачот како "манипулатор и експлоататор". Обуката тој ја нарекол  "глупости за минимална плата". Откако бил отпуштен поради своите духовити забелешки, тој обидел да се одбрани по судски пат, но судот пресудил-отказот е законски. 2. Келнерка во синџирот пицарии во Америка останала да работи прекувремено, бидејќи имало една двојка, која сакала да нарача уште храна и покрај завршувањето на работно време на локалот. За нејзиното прекувремено останување таа добила како бакшиш од само пет долари. Изнервирана пишала куп вулгарности на Фејсбу кои се однесувале на нејзината работа и на клиентите. Шефот ја отпушти веднаш, со објаснување дека за компанијата е исклучително важно што зборуваат вработените за клиентите. 3. Коментари и линк до песна исто така може да ве чинат работа! Службеник споделил со колегите линк до видеото на песната "Bück Dich hoch" на германската група „Deichkind“ , во која станува збор за лош  шеф, кој само командува со вработените и не им дозволува да се одмараат воопшто. Службеникот напишал коментар под песната „ Хм, чудно. Зошто ли толку ми се допаѓа оваа песна, драги пријатели?!“ Работодавачот овој сатиричен коментар не го сфатил како забава, па го отпуштил работникот. „Изјавата на поранешниоти вработен може да биде разбрана само и само на еден начин, а тоа е дека она што се пее во песната е исто како и условите за работа во нашата компанија“,изјавиле од компанијата. Службеникот повел судска постапка,која што сеуште не е завршена. 4. Внимавајте кога го притискате копчето "Ми се допаѓа"! Еден полицаец во Америка стиснал лајк на Фејсбук за еден од кандидатите за нов шеф на полицијата (во Америка тие се избираат директно по области). Проблемот бил во тоа што овој кандидат бил кандидиран во областа во која и самиот полицаец работел, што секако не му се допаднало на моменталниот шеф кој сметал дека со ова тој отворено го поддржува неговиот ривал. Веднаш го избркал од од работа. Во моментов полицаецот води постапка за кршење на слободата на говорот. 5. Во отсуство поради болест, а во исто време споделувате слики на Фејбук од одмор?! ! Е па и за тоа многу лесно може да заработите отказ, а има многу такви случаи. Така си мислел и работодавачот кој отпушти стажантка без претходна најава поради статусот „Одам на лекар, а потоа си ги пакувам куферите и заминувам“. Во конкретниот случај, сепак се покажало дека на стажантката навистина и требал лекар и одмор поради невродерматит (заболување на кожата). Таа  покренала тужба,  по што добила надомест од 150 евра и одлична препорака . 6. „Мигрената дојде веднаш, без претходни симптоми“! Со оваа причина службеничка во  швајцарска осигурителна компанија побарала боледување од неколку дена, а под изговор дека не може да гледа во осветлениот екран на компјутерот, поради главоболка. Штом се прибрала дома, таа го отворила Фејсбук и не престанала да пишува статуси, става слики и  коментира ма мрежата. Ова го гледале сите нејзини колеги. Последицата е позната-отказ! 7. Една нова учителка во Америка ја загуби работата, откако напишала на социјалната мрежа дека била "чувар на идни криминалци". 333 пријатели го споделиле  нејзиниот статус, при што го прочитале и некои од родителите. Судијата не ги зел во предвид нејзините обиди да се оправда со тоа што кажала дека некои деца постојано го попречувале спроведувањето на нормален час, па дури и се тепале.  Објавениот статус е неприфатлив, пресудил судијата и го оправдал отказното решение. 8.  Друг вработен, на Фејсбук напишал дека неговите колеги се  "мрсни свињи" и "смотанковци". Во обид да ја спаси својата работа, пред судот тој објаснил дека "дејствувал импулсивно и бил вознемирен", кога го напишал, но ништо не му помогнало. Едно е јасно, изјавата на Фејсбук тежи и повеќе од тоа да му кажеш нешто на некого во очи, бидејќи статусот може да биде препрочитан многу пати. Секој кој пишувал лошо за своите колеги, ја ризикува својата работа!

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре