24 Ноември, 2024
0.0255

Што носат последните месеци од 2017 за вашиот хороскопски знак?

Објавено во: Општо 23 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Остануваат уште повеќе од 100 денови пред да ја завршиме 2017та година. Што носат последните месеци за вашиот знак?

Овен

Дел од вашето срце сака да се откаже од личноста која ја сакате, но голем дел од вас не сака да го направите тоа. Свесни сте дека постојано се вртите во круг и си се лутите себеси поради тоа. Вашето срце сака едно нешто, а вашиот разум ви кажува да направите нешто сосема друго. Оставете работите да се случуваат сами од себе. Не се приморувајте на ништо, направете ги работите кога сте подготвени.

Сепак, потсетете се себеси дека го заслужувате најдоброто и не дозволувајте да добивате помалку од тоа што го заслужувате.

Бик

Во последно време се чувствувате изгубено. Не знаете дали патот по кој одите е вистинскиот. Во ред е да бидете збунети и несигурни. Следете ја таквата несигурност. Таа ќе ве носи полека по патот, каде ќе ви се разјаснат многу работи до крајот на годината. Но, не дозволувајте стравот од неуспех да направи да се плашите. Понекогаш, најтешкиот пат е оној кој носи најдобри работи и не носи онаму кадешто треба да бидеме. Можеби следните четири месеци од вашиот живот нема да бидат најдобрите, но тоа што ќе го добиете е најубавата награда за следната година.

Близнаци

Вашиот живот како да се  промени целосно во 2017 година, и тоа на подобро. Многу промени – промени во врската, кариерата. Животни промени кои сами ги направивте, но и кои дојдоа како резултат на вашите напори од претходните ходини. Сите овие промени се страшни, но морате да признаете дека уживате.

Последните 4 месеци ќе ви помогнат да се пронајдете себеси, односно да добиете повеќе самодоверба за следната година. Нови идеи, нови луѓе. Многу убави работи.


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.