Што открива дневникот на руски војник најден во Вуледар?
Објавено во: Свет 15 Март, 2023 17:08
Украинците објавија дека нашле тефтер на руски војник во градот Вуледар кој открива колкави загуби имаат Русите.
Украинското Министерство за одбрана денеска објави на Твитер слика од дневник, наводно земен од офицер претходно овој месец. Тие објавија превод од дневникот кој сугерира дека Москва трпи огромни загуби на дневна основа.
„Дневник на руски офицер заробен во близина на Вуледар.
1 март: 100 војници одат во напад; останаа 16.
3 март: од 116 војници останаа 23.
4 март: Од 103 војници останаа 15.
5 март: Од 115 војници останаа 3“, објави украинското министерство.
Украина на социјалните мрежи ги објавува загинатите војници, со име, презиме, биографија. На повеќе Твитер профили има и снимки од погреби на загинатите украински бранители. Русија молчи за бројот на загинати. Денеска е 385-от ден од руската инвазија на Украина.Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




