Што открива новиот детал на новата банкнота од 20 евра
Објавено во: Економија 25 Ноември, 2015 10:45
Европската централна банка денеска пушти во оптек нова банкнота од 20 евра со унапредени безбедносни карактеристики со цел спречување на фалсификување.
Новиот детал „портрет прозор“ во близина на холограм станува транспарентен кога банкнотата се потпре на светло и го открива портретот на Европа, феничанската принцеза од грчката митологија по која Стариот континет го добил името, пренесе Франс прес.
„Готовината била и ќе продолжи да биде важно платежно средства. Воведувањето на нови банкноти од 20 евра е доказ за тоа“, рекол член од извршниот одбор на ЕЦБ Ив Мерш за новинарите во Франкфурт.
Новите банкноти , од кои досега се произведени 4,3 милијарди посетепено ќе ги заменуваат 20 евра од првата серија, кои ќе останат во употреба.
После банкнотите од пет евра во мај 2013 и банкноти од 10 евра во септември 2014 , ова е трета банкнота од серијата „Европа“ и , како и останатите содржи број со зелена боја која ја менува нијансата од зелена до плава во зависност од аголот на гледање.
Планирано е новата банкнота од 50 евра да биде пуштена во вториот квартал од 2017 година.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




