Што предвиде Баба Ванѓа за 2023 година? Струјата ќе исчезне...
Објавено во: Општо 27 Декември, 2022 11:08
Баба Ванѓа, слепата јасновитка, давала предвидувања до далечната 5079 година. Таа
почина во 1996 година, но нејзините пророштва продолжуваат да ја заинтригираат
јавноста...
Новата година се ближи, а по неколку турбулентни години во кои земјотресите, корона вирусот и најновата - руската инвазија на Украина зедоа пресврт, многумина се прашуваат што ни подготвува претстојната година.
Одговор на тоа прашање би можела да понуди Вангелија Гуштерова, попозната како - Баба Ванѓа. Оваа слепа јасновитка, која е родена во Струмица, го изгубила видот кога имала 12 години и тврдела дека Бог ѝ дал дар на видовитост.
Таа направи предвидувања до 5079 кои се објавуваат секоја година. Наводно таа успешно го предвидела нападот на кулите близначки во Њујорк на 11 септември и „Брегзит“. Баба Ванѓа почина во 1996 година, но нејзините пророштва продолжуваат да ја интригира јавноста.
Еве што предвиде јасновитката за 2023 година:
Едно од најалармантните предупредувања е соларната бура која може да има страшни последици. Во денешниот свет зависен од електрична енергија, соларната бура би влијаела на многу форми на комуникација и услуги.
Експертите сметаат дека штетите на светската инфраструктура би биле огромни и дека човештвото би останало без струја - со години!
Баба Ванѓа, исто така, предвиде дека во 2023 година траекторијата на Земјата може да се промени. Последиците би можеле да бидат застрашувачки. Еден од нив е зголеменото глобално затоплување и тоа би се случило за само една година. Многу високите температури би биле фатални за животот на Земјата.
Друга интерпретација на ова предвидување е, за жал, уште полоша, и вклучува удар на астероид кој би ја „исфрлил“ Земјата од нејзиниот нормален пат и би имал веројатно поразорен ефект.
Баба Ванѓа имаше и визија за развој на моќно и смртоносно биолошко оружје, што е доста актуелно во контекст на денешните геополитички настани.
Бидејќи е невозможно да се знае точно што имала на ум Баба Ванѓа, не е познато на какви експерименти мислела. Дали ќе биде нов вирус?
Фото: youtube - screenshoot
Извор: 24сата