07 Мај, 2024
0.0220

Што претставува Ларингеален карцином (рак на грлото)

Објавено во: Стил 23 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Ларингеален карцином (рак на ларинксот) претставува малиген туморнa гркланот. Повеќето од ларингеаленитекарциноми се сквамозени, потекнуваат од сквамозни клетки кои се формираат во ларингеалениот епител. Карциномот може да се развие во било кој дел на грлото, но стапка на лекување е зависна од локацијата на туморот.

Во зависност од локацијата на туморот, ларинксот е поделен на три анатомски регии: глотис, супраглотис и субглотис. Повеќето случаи од овој тип на карцином се локализирани во глотисот, карциномите во супраглотеалниот регион се поретки, а оние во субглотисот се најретки. Овој тип на карцином многу брзо се шири, и тој може да метастазира во регионалните лимфни јазли , но може да отиде и многу подалеку ширејќи се преку крвта. Најзабележани места на расејување (метастазирање) на овој карцином се белите дробови.

РИЗИК ФАКТОРИ Дефинитивно, пушењето е фактор број еден кој предизвикува рак на грлото. Смртноста од рак на грлото е за 20 пати поголема кај луѓето кои се пушачи за разлика од оние кои што не пушат. Конзумацијата на алкохолни пијалоци е исто така многу значаен ризик фактор. Нај опасно е кога овие два ризик фактори се употребуваат во комбинација!

Овој тип на карцином почесто се забележува кај машката популација, претежно кај лица над 55 години. Луѓето кои предходно имале некаков вид на карцином особено на главата, вратот и белите дробови се особено ризични за појава на карцином на грлото. Овие делови се најпогодени од канцерогените состојки кои се содржат во цигарите и алкохолните пијалоци. Се смета дека ризикот значително се намалува доколку се откаже употребата на алкохол и цигари. СИМПТОМИ Симптомите на ларингеалниот карцином зависат од локацијата и големината на туморот.

Тие можат да вклучуваат:

ЗАРИПНАТОСТ ИЛИ ПРОМЕНА НА ГЛАСОТЧУВСТВО НА СТРАНО ТЕЛО ВО ВРАТОТВОСПАЛЕНИЕ НА ВРАТОТПОСТОЈАНА КАШЛИЦАГРЕБЕЊЕ ВО ГРЛОТОСТРИДОРЛОШО ДИШЕЊЕОТЕЖНАТО ГОЛТАЊЕ (ДИСФАГИЈА)БОЛКА ВО УВОТО ИНЦИДЕНЦА НА ПОЈАВУВАЊЕ Оваа болест во просек се појавува кај 2 во 20 000 жители. Американското здружение за рак вели дека 9.510 мажи и жени (7700 мажи и 1.810 жени) биле дијагностицирани со рак и 3.740 мажи и жени умреле од ларингеален карцином во 2006 година. Сепак оваа болест е оценета како ретка болест, за разлика од другите карциноми кои се почесто се појавуваат. ДИЈАГНОЗА Дијагнозата се поставува од страна на лекар, врз основа на анамнеза, физикален преглед, како и посебни испитувања кои можат да вклучат, КТ или МРИ, и ткивна биопсија. Физикалниот преглед се прави за да се проверат некои симптоми кои укажуваат за појава на овој карцином или за развој на метастази, со палпација во пределот на гркланот и со проверка преку усната празнина. Ова се прави со така наречена ларингоскопија која се изведува со помош на огледало со продолжена рачка, (слично на огледалцето кај стоматологот) и силна светлина. Во современата медицина се користи и специјална фибер-оптичка носна ендоскопија каде што јасно се осветлува и се визуелизира овој дел. При изведба на овој преглед може да се користи локална анестезија во вид на спреј. Ако постои сомневање за карцином, се врши биопсија, обично под општа анестезија. Ова обезбедува хистолошки доказ за постоењето на оваа болест. За време на земањето на биопсијата често се врши целосен ендоскопски преглед на ларинксот. ТРЕТМАН Специфичниот третман зависи од локацијата, типот и степенот на туморот. Третманот може да вклучи хируршка интервенција, радиотерапија или хемотерапијата, самостојно или во комбинација.