05 Мај, 2024
0.0248

Што претставува Социјалната фобијa?

Објавено во: Стил 21 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Социјалните фобии се пореметувања кои се карактеризираат со нерационален страв од луѓе и било какви социјални ситуации-настани. Всушност, лицата со ова пореметување се плашат од сите ситуации при кои останатите луѓе може да ги набљудуваат и евентуално да ги “навредат”. Се работи за страв од настап при кој симптомите многу посилно се изразени отколку кога станува збор за нормална трема или нервоза пред настап на јавна сцена. Социјалните фобии обично се јавуваат после пубертетот, а врвот го достигнуваат во 20-тата година од животот. Повеќето социјални фобии се најевидентни на возраст помеѓу 20 и 35 години, што се причина за уништување на најдобрите години во животот.

Причини за настанување

Според бихејвиоралните хипотези - фобиските симптоми се последица на абнормална когниција која се карактеризира како страв од негативна евалуација и предрасудa дека другите лица би биле премногу критични кон нив. Психодинамските истражувања - упатуваат на улогата на отфрлување од страна на родителите, пред се мајката, без разлика дали децата биле запоставени или презаштитени. Биолошка теорија – го објаснува настанувањето на социјалните фобии како пореметување во функцијата на невротрансмитерските рецептори во мозокот и невроендокринолошките одстапувањ Клиничка слика Социјалните фобии не се само страв од вообичаените ситуации на јавни места, испити или средба со авторитети (ситуации кај кои сите луѓе чувствуваат само мала непријатност бидејќи се изложени на набљудување и оценување од страна на другите). Тоа може да биде и необјаснет страв од црвенеење во јавноста, страв од посрамување, дека би се задавиле од храната додека јадат пред други, од толпа, односно од сите ситуации каде човекот било директно, било индиректно чувствува дека некој друг ги набљудува, проценува, оценува, испитува. Кога се изложени на ситуации на страв, болните често манифестираат соматски симптоми на анксиозност како што се палпитации (тропање на срцето), треска, напнатост на мускулатурата, мака во стомакот, сувост на устата, топли и ладни бранови по телото, главоболка, итн... Социјалните фобии може да бидат толку силни што пациентите не се ужаснуваат само од директните контакти, туку и од телефонските разговори, па во поново време и од виртуелните комуникации како chat, sms… Накратко фобични може да бидат сите ситуации каде оној кој ја испраќа таа порака истовремено чувствува дека другата страна ја проценува, критикува и осудува. Драстичните примери на фобија опишуват случаи каде лицето кое страда од фобија не оди на работа, не се дружи со луѓе, не излегува од дома и сл. Полесните примери вклучуваат – повраќање пред испит, проливи и напади на паника, но сепак на крај се осмелуваат да ја завршат задачата од која се ужаснуваат. Понекогаш тоа им успева, понекогаш не, па од многу фобични индивидуи ќе слушнете дека не отишле на испит бидејќи не биле спремни или ќе измислат изговор за некоја неизвршена задача, што во суштина претставува одбрамбен механизам. За жал, само одложувањето не е добро решение, бидејќи фобичната индивидуа живее со тој страв и понатаму, имајќи во предвид дека наредна ужасна ситуација е на повидок. Бидејќи ситуацијата за бегство од нереалната опасност постои, тоа е причина за зголемена продукција на адреналин и појава на симптоми како палпитации, ненадејно потење, бранови на топло-ладно, проливи, потреба за мокрење, и ред други симптоми кои се разликуваат од пациент до пациент. Симптомите на нападот на паника знаат да бидат толку силни што личноста мисли дека интензивниот страв може да и предизвика во моменотот мозочен или срцев удар. Во принцип, фобичните индивидуи, односно индивидуите со социјална фобија е прилично незадоволна со себе и својата активност, има ниска самодоверба, и изразито чувство на несигурност. Социјалната фобија е огромно оптеретување за личноста. Таквите индивидуи најчесто остануваат социјално изолирани, имаат слаб едукативен степен, често се зависни од финансиски аспект, патат од дополнителни психијатриски пореметувања, често размислуваат за суицид (самоубиство), а неретко и го вршат. Терапија Од психотераписките методи најуспешни се когнитивно-бихејвиоралните (промени во однесувањето и постепеното изложување на фобични ситуации), а по потреба може да се вклучат и медикаменти. Лековите кои се покажале генерално како најефикасни во терапијата на социјалната фобија се оние кои вршат инхибиција на ензимот моноаминооксидаза во ЦНС. Други корисни лекови се бензодијазепините, бета-блокерите и селективните инхибитори на повторното превземање на серотонинот. Во секојдневниот живот треба да се применуваат техники на медитација, и/или релаксација, редовно вежбање и правилна исхрана. Со помош на психотерапевт треба секојдневно да се менува сликата за самите себеси. Навиките во однесувањето од областа на самодовербата, активно заложување за себе, менување на погрешните, негативните и штетните уверувања, подигнување на емоционалната интелегенција се некои од корисните совети. Во случај на напад на паника треба да се применуваат техники на десензибилизација (намалување на чувствителноста), најчесто на пример со автосугесија, а потоа практикување на истите техники и во реалните ситуации.