Што работодавците повеќе не сакаат да видат во вашето CV?
Објавено во: Економија 07 Јули, 2025 17:32
Кога Пријанка Џејн, коосновач и извршен директор на „Еви“, компанија која се занимава со тестирање и грижа за микроби, бара нови членови на тимот, таа точно знае што бара кај кандидатот - но и што е предупредувачки знак за неа.
Таа првенствено сака да вработи луѓе кои се подготвени да дадат повеќе од она што е напишано во описот на нивното работно место. Ова може да се види преку делот „Интереси“ во биографијата, каде што се наведени волонтерски ангажмани или лични проекти, но и преку конкретни резултати и достигнувања кои покажуваат страст за областа во која работат, пишува CNBC Make It.
Од друга страна, она што не сака да го види кај кандидатите се луѓе кои се фокусирани исклучиво на стратегијата и го избегнуваат оперативниот дел од работата.
„Ако завршувањето на задачите е надвор од нивната „генијална зона“, тоа секогаш е малку загрижувачко“, истакнува Џејн.
Во стартап - секој мора да знае, да размислува и да работи
Секоја компанија има потреба од луѓе кои размислуваат за стратегија и оние кои ги имплементираат работите. Сепак, во стартапите, каде што тимовите се мали, а ресурсите се ограничени, нема луксуз строго да се одделат овие два света.
„Во таква средина, секоја личност мора да биде способна да препознае проблем, да размисли за решение, но и да се справи со деталите, да напише, имплементира и да ја заврши идејата до крај“, објаснува Џејн. Со други зборови, секој мора да биде способен да планира и да ги засука ракавите.
Деталите откриваат колку е навистина способен кандидатот.
За време на интервју за работа, Џејн секогаш му го поставува на кандидатот истото прашање: нека го опише проблемот со кој се соочил во претходната компанија и како го решил.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




