Што се може да се направи за пари
Објавено во: Стил
27 Април, 2013 20:00
Добивај вести на Viber
Двајца шпански граѓани си ги отсекле рацете со електрична пила за да се обидат да зарботат голема сума на пари од осигурување. Но, истрагата која ја спровеле претставници на осигурителната компанија откриле дека станува збор за измама зошто ампутацијата на рацете била изведена беспрекорно добро.
Според шпанската полициј двата случаи не се поврзани. Првиот измамник, својата рака си ја отсекол со електрична пила, а потоа барал пари од дури 11 осигурителни компании и тоа дури 2,4 милиони евра тврдејки дека раката ја загубил во сообраќајна несреќа. Додека му ја прегледувале раната истражувачите приметиле дека резот бил премногу чист за да предизвикан при повреда од сообраќајна несреќа, а истрагата утврдила дека таков рез не можел да направи ниту хирург при ампутација.
Вториот измамник од осигурителна компанија барал 800.000 евра тврдејки дека раката ја загубил при работа со пила. Сепак и овој пат било утврдено дека резот бил премногу чист.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: