ШТО СЕ СЛУЧИ СО БЛЕРТА ПОЦЕСТА: Го масакрираше семејството, а сестра и принудена да живее вака
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2018 14:29
Втората ќерка на семејството Поцеста кое беше масакрирано во Дебар, од страна на нејзината постара сестра Блерта, не се вратила дома.
Двокатната куќа во гратчето Тренто остана празна и напуштена, каде што до последните денови од Август живееше семејството без очигледни проблеми. Мукадес Поцеста, е сестрата на осомничената Блерта Поцеста, која живее во страв и полициска придружба. Внатре стои само автомобилот кој го возела Мукадес.
24 годишната ќерка на Амит и Назмие, брачните другари кои беа убиени иста ноќ со нивната 14 годишна ќерка од нивната најстара наследничка, по злобниот гнев на Блерта Поцеста, останала во Македонија. Таа сега живее под заштита и се движи само само во присуство на полицајци од балканската земја, пренесува италијанскиот медиум „кафе ин магазин“. Повеќе не е во Дебар каде што беше нејзиното семејство во август и остана за семејна веселба на близок роднина. Го напуштила патот кој води кон куќата во која ја загуби својата мајка, татко и сестра. Минатата недела повторно била сослушана од македонската полиција која го истражува трикратното убиство во Дебар, кое беше дефинирано како едно од најужасните во историјата на земјата и тој регион.

Меѓутоа, доказите што им беа достапни на обвинителството би биле огромни: станува збор за траги од ДНК во ужасната куќа, каде што ќерката ги убива родителите во сон, како и видеоснимки и фотографии кои го прикажуваат наводното бегство. Понекогаш се некомпатибилни со оние што се објавени кога за прв пат беше сослушана од страна на истражителите: дека има железно алиби, таа кажа дека ја напуштила Македонија неколку часа пред масакрот.
За обвинителите од Италија, тоа било само лага, за да се врати тајно следната вечер и да ги убие родителите и сестра си.
За серија среќни околности, во избрзаното бегство по грозоморно злосторство, жената успеала да стигне до Италија пред соседите да ги откријат телата, 17 часа откако со три куршуми пукала во главата на најблиските.

За мотивот има само претпоставки, а некои тези изгледаат нереални: локалните медиуми дури зборуваат за некој наводен контакт со организирани криминал, но исто така и за еден неодамнешен извештај дека на Поцеста не и дозволиле родителите да се омажи за Италијанец, пишува уште погореспомнатиот медиум. Италијански медиуми дури соопштија дека Блерта била зависник од наркотични супстанци.
До денес поминаа повеќе од месец и половина а македонското обвинителство не соопшти ништо ново за овој период околу овој случај.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери
„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација
ВМРО-ДПМНЕ НА КОНГРЕС: Мицкоски влегува во последниот мандат како лидер на партијата
Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција
Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“
Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира





